Вирт тргнал 10 дена пред почетокот на Мундијалот а ќе треба да помине 2.400 километри со својот трактор марка Lanz Bulldog за да ја бодри Германија.
Иако најблиските и пријателите се обиделе да го предомислат од напорниот и долг пат, Хуберт немал намера да се откаже од овој авантуристички предизвик.
Тргнал од градот Форцхајм каде што живее а до Москва планира да стигне преку Полска и цела Белорусија. На патот тргнал ни помалку ни повеќе, туку со својот најдобар пријател - кучето Хексе.
Иако станува збор за трактор од врвна марка опремен со дрвена куќичка кој тежи неколку стотици килограми, тракторот на Хуберт може да „развие“ брзина од 30 километри на час што подразбира дека да стигне до Русија ќе му требаат најмалку 200 часа „дрнкање“.
Неговата Германија го отвора Светското на 17 јуни во Москва против Мексико па Хуберт се надева дека ќе стигне на време.
„Со својот трактор на патот Хуберт е права сензација. Му се воодушевуваме но и го жалиме затоа што тракторот е страшно бавен. Но се надеваме дека ќе успее во својот подгив“, велат луѓето во коментари на оваа вест.
Освен дуелот против Мексико, Хуберт ќе ги гледа и средбите на „Дојче мајншафт“ против Шведска на 23. јуни и против Јужна Кореја на 27. истиот месец.