Ако некогаш сте планирале свадба од големите, со гости од типот „од на чичко ми старата работа, шефот со жена му”, веројатно ви е јасно дека тоа кошта. Сами си ја плативте? Баш сте демоде.
Две години по ред ја освојува Премиер лигата, пред два месеци стана светски шампион, а најјакото кај него е што он по природа е шампион во душа. Нема друг фудбалер на светов кој се однесува вака едноставно. Фиќо старо 30 години да му дадеш ќе го вози низ град.
За услугата “изеди колку сакаш“ во еден суши ресторан дечкото платил поштено ама после и поштено јадел. Кога сакал да остави и бакшиш, го замолиле во иднина да го заобиколува ресторанот.
Викендов беше празник за очи кога се во прашање евроголовите. Да не знае човек што попрво да издвои. Од чудесниот потег на Ибра, волшебниот волеј на Паје, до овој брутален проектил на Мохамед Камара на мечот Олимпијакос - Астерас Триполис.
По храбрата и борбена игра, како и фантастичните голмански интервенции, но сето ова само во првиот дел, ракометарите на Металург го загубија првиот натпревар сезонава во Лига на шампиони. Тимот од Автокоманда падна во второ полувреме.
Најголемиот заводник кој некогаш играл на Апенините не е ниту Виери, ниту Инзаги, ниту големиот Дејвид Бекам. Сите овие заедно му спушаат капа и му се поклонуваат на левоногиот центарфор кој играше речиси во сите клубови од Серија А.
Некогаш глумата беше правење уметност од занаетот да се нијансира некој карактер. Да се биде денес глумец во Холивуд, за многумина главно значи да се одржува физикусот од чија кондиција и изглед директно зависат следните улоги и пари. Некогаш актерите не можеа да излезат од ликот, денес не можат да излезат од теретана.
Со оглед на тоа што и двајцата се над 30, штета што нема уште долго да уживаме во нивните меѓусебни битки кои беа епски низ годиниве. Имаме видео од првата победа на Новак по која за Роџер ништо повеќе нема да биде лесно и едноставно.
Македонската радио телевизија, велат оттаму, не наишла на прифатлива понуда од ЕХФ Маркетинг за откуп на правата на пренос од ракометната Лига на шампиони, така што нашите претставници Вардар и Металург ќе ги гледаме на друго место.
Кога Кристијано Роналдо ќе се повлече од репрезентација Португалците нема да треба да се грижат за позицијата крилен напаѓач. Тука е 18 годишниот Педро Нето, кој важи за најголема надеж во Португалија. Додека Барселона го следеше, Лацио го лапна минатата сезона од Брага. Ова е неговата најнова соло мајсторија за У-20 против Чешка.
Во пресрет на стартот на Лига на шампиони, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис признал дека ама воопшто не му се допаѓа состојбата на стадионот „Сан Паоло“.
Македонската фудбалска репрезентација е во серија каква што не паметиме, влезе максимално мотивирано во новото натпреварување кое ни ги отвора вратите за Европско и пак мора да се утне нешто, во случајов организациски.
По падот проследен со повреди, Новак Ѓоковиќ годинава се врати во форма и повторно се издигна на посакуваните тениски височини. Ги освои Вимблдон, Синсинати, а синоќа и УС Опен по трет пат во својата кариера.
Со нови содржини, нови ликови и на нова телевизија, во недела започнува новата сезона на „Фчерашни новости“. Добро познатата екипа на Бранко Огњановски отсега секоја недела од 19:30 часот ќе ја гледаме на „Канал 5“ телевизија.
Најнова му е копијата на мајка Синди Крафорд, Каја Гербер со која што прави капсула. Меѓу другите се Ванеса Паради и Кејт Мос, од поновите Кара Делевин и Кендал Џенер. И уште еден куп убави жени.
Откако ја одбил понудата на Бордо да стане нивен тренер, Анри се вратил во кампот на белгиската репрезентација која се спрема за натпреварите од Лига на нации. И на еден тренинг покажал дека некои работи не се забораваат.
По дводеценискиот претежок и за нас нереален пат до едно Европско, Македонија вечерва стартува од еден би рекле нов почеток кој се надеваме дека ќе донесе историски радости. Од овој пат до сега сме немале полесен. Мора да се сфати сериозно и да се заборави на она „Нејќеше да влезе“.
Во тешки временски услови, Новак Ѓоковиќ го совлада Џон Милман со 3:0 и се пласираше во полуфиналето на УС Опен каде ќе се сретне со Нишикори. Новак призна дека било прежешко и дека рекетот му се лизгал од раце, а Австралиецот кој го изненади Федерер во четвртфинале денеска е хит број 1 со видеото кое се рашири.
Меѓу фудбалскиот сојуз на Данска и репрезентативците има сериозен конфликт за кој не нашле решение и поради тоа скандинавската селекција синоќа против Словачка играше со фудбалери позајмени од футсал репрезентацијата.