Што човек ќе беше Канте, и на гости да го викнеш ќе ти дојде

Две години по ред ја освојува Премиер лигата, пред два месеци стана светски шампион, а најјакото кај него е што он по природа е шампион во душа. Нема друг фудбалер на светов кој се однесува вака едноставно. Фиќо старо 30 години да му дадеш ќе го вози низ град.

Автограм и селфи фотка обично е најголемото достигнување за еден фан кога ќе начека некоја фудбалска ѕвезда, се додека не го начека Н`Голо Канте.
 
Се работи за командант во средниот ред на Челси и селекцијата на Франција, а истовремено и најобично човече на кое славата и парите ама ич не го допираат, односно менуваат.
 
 
Одат другари во посета на една џамија, таму го сретнуваат Канте и го канат на гости, а овој им доаѓа, нема ни ама, ни каде, ни зошто. Ова не е виц, туку жива вистина со која големиот фудбалер по кој знае кој пат докажува и колку голем човек е.
 
По триумфот над Кардиф од 4:1, фудбалерот на Челси планирал да фати воз до Париз, ама го утнал и се прошетал и посетил една џамија. Тројца момци го среќаваат и го канат да им дојде дома. И царот им дошол без проблем.
Вечерале, се зезале, играле ФИФА и ја гледале фудбалската емисија со Гери Линекер „Match of the Day“.
 
Ете тоа е Канте, светскиот првак со Франција, секогаш скромен и насмеам, но и се повеќе омилен и меѓу колегите и меѓу навивачите.
 
Дечкиве пресреќни со право се фалат на Твитер кој им дошол на гости. 100% само вода пиел.
17 септември 2018 - 14:39