Таг: н’голо канте

Канте е Французин со јапонска култура

Откако замина од Челси на уште побогата печалба во Саудиска Арабија, Н’Голо Канте не е актуелен како претходно. Но кај него всушност ништо не се сменило. Навивачите на Ал-Итихад фрлаа кеси на терен и додека натпреварот беше во прекин, тој го чистеше теренот.

И Канте се отвори со голчиште во Саудиска Арабија

После сите атрактивни голови на европските ѕвезди во најпопуларното прибежиште привлечно поради убавите пари, на ред дојде и Н`Голо Канте. Популарниот борец од средниот ред на Челси му донесе победа на својот Ал Итихад со гол и асистенција, за конечни 2:1 против Ал Фатех. Бензема не играше.

Да не ја грешат нешто колегите на Бензема и Канте на тренинг?

Снимката е од тренинг на Ал Итихад, клубот каде Бензема и Канте отидоа за брдо пари, а официјално им се придружува и Фабињо од Ливерпул. Нешто не се сите усогласени.

Херојска парада на Куртоа и зицер на Канте

Челси може да жали што не успеа да ја анулира негативата од 0:2 на Бернабеу уште во првото полувреме. Н’голо Канте и Марк Кукуреља не реализираа чисти 100% шанси.

Канте е тоа, внимавај колено да не исчашиш

Челси го совлада Лестер на гости со 0:3, а Вилфред Ндиди освен на колената, се жалел и на вртоглавица откако се обидел да му ја земе на Канте.

Статистиката на Канте против Реал после рамазански пост

Не постои тренер во светот кој не би го посакал ова човече во тим. Европа држи многу јаки играчи во среден ред, ама Н`Голо Канте е нешто посебно. Фасцинантноста кај него е што е ултра корисен и клучен на големите натпревари.

За Роналдо да влезе во тимот на годината, УЕФА сменила шема и го исфрлила Канте

Јасно е како ден дека фудбалот веќе подолго време е суров бизнис, ама ретко кога главната фудбалска унија си дозволува очигледен и намерен привид, со цел поголема популарност и атрактивност.

Фото на денот

Ај да не ве замараме со глупи прашања од типот, погодете кој е фудбалерот на Челси на кој му ѕирка само раката, туку да одиме на главната поента. Кој го пуштил Канте да го чува Ван Дајк на корнер?

Само Н`Голо Канте може да направи ваков потег

Ова ќе биде недела на репрезентативен фудбал, како и совршена шанса за Канте да се поправи за една грешка што ја направил лани. Ама пак ќе повториме, само он може вака.

Кај нема да го посееш таму ќе никне

Прво ја губи топката, па му се сипува на Стерлинг како оса и му ја зема. Потоа на другата половина од теренот пак се случува некоја брканица во која пак и пак победник излегува Канте. Сето ова во 10 секунди. И после како да не му продолжил договор.

Канте не плаќа во ресторанот на Вилијан и Давид Луиз

Бразилците од Челси, Вилијан и Давид Луиз отворија италијански ресторан во Лондон. Се решиле амбиентот да не биде класичен, туку по опуштен со графити, а во кујна имаат профи шеф по име Никола за која велат дека има злати раце. Луиз признава дека во кујна само јајца знае да спржи, а за колегите велат дека обожаваат да доаѓаат бидејќи јадат гага, особено Канте кој никогаш не плаќал.

Перфектната партија која го убеди Лестер да го купи Канте

Најпосакуваниот фудбалер од среден ред кој игра фудбал од љубов, а не за Инстаграм има напредок во кариерата кој секој негов колега би го посакал. Неговите успеси не се заслужни, туку најзаслужни, а отскочна даска му е француското првенство и едно незаборавно издание против Марсеј.

Што човек ќе беше Канте, и на гости да го викнеш ќе ти дојде

Две години по ред ја освојува Премиер лигата, пред два месеци стана светски шампион, а најјакото кај него е што он по природа е шампион во душа. Нема друг фудбалер на светов кој се однесува вака едноставно. Фиќо старо 30 години да му дадеш ќе го вози низ град.

Само Канте може да има ваква чест

Омилениот лик во таборот на француската репрезентација и навивачите без сомнение е Н’голо Канте. Французите славеа 2:1 против Холандија во Лига на нации, а потоа на „Стад де Франс“ следуваше шоу, како еден вид прослава за светската титула. Се пееше веќе добро познатата песна за тивкиот борец од средниот ред.

Што му пееја на Канте во автобус

Н`Голо Канте е вистински хит во француската репрезентација. Дечкото последниве 4 години дебитираше за Лестер и освои Премиер лига, дебитираше за Челси пак освои Премиер лига, дебитираше со Франција на ЕП 2016, стигна до финале и последно дебитираше на Светско и го освои. Машина е во среден ред и злато играч на таа позиција. Неговите колеги тоа го знаат, па му пееја:

Последните четири фудбалски години на Канте

Дечкото со најмногу скратени топки, најголем посед на топка и најголем процент на прецизни додавања на вчерашното полуфинале се вика Н`Голо Канте. Не е тој од оние играчи кои се гледаат на огледало пред натпревар, се тегнат по трева и се расправаат со судијата. Тој е тивок, смирен и мисли само на фудбал.

Канте - детето кое можеше да трча маратон па да игра фудбал

Кога првпат дошол во Лестер, сакал на тренинг да тргне пешки, но му кажале дека не доликува на Премиерлигашки фудбалер да оди пешки затоа што ќе го тормозат по улица. Во Кан додека сите возеле бесни Ферарија, Нголо Канте возел веспа. Денес е најдобар играч во Англија.

Неколку причини зошто Канте е најдобар играч во Премиер

Откако лани беше јунак на титулата на Лестер, Французинот со африкански корени сезонава има најсериозни шанси да ја добие наградата „Играч на сезоната“ во Премиер лига.