Нголо Канте е играч на годината во Премиер лигата во изборот на Здружението на професионални фудбалери, премија за која се верува дека има најголема тежина затоа што те оценуваат ривали и конкуренти.
Што не се знаеше до неодамна за Канте?
Спортскиот директор на малиот клуб Булоњ не можел да претпостави дека играчот со бебешко лице ќе биде идна ѕвезда во Премиер лигата. Облечен скромно како што се однесувал, никој не верувал дека Нголо Канте еден ден ќе биде најфалениот фудбалер во најгледаната емисија на островот Match of day со експертите Гари Линекер и Алан Ширер.
Постои анегдота кога Канте кој речиси никогаш не зборува за своето минато, отишол на интервју, а вработениот на вратата не го познал:
-Се извинувам, простете, но кој сте вие? Што работите?
-Нголо Канте, фудбалер на Лестер и репрезентација на Франција.
НА ПРВИОТ МЕЧ НА КАНТЕ, ГОЛМАН ДАДЕ ГОЛ
Во професионалниот фудбал, Нголо Канте дебитирал во мај 2012. година. Тимот на Булоњ веќе испаднат во третата лига играл против тогашниот второлигаш Монако и на Канте му дале 11 минути.
Булоњ неочекувано брзо повел, но на крајот загубил а мечот го одбележал голот на голманот Данијел Субашиќ од слободен удар.
ТРАНСФЕРОТ НА КАНТЕ МУ ДОНЕЛ МИНИ АВТОБУС НА РОДНИОТ КЛУБ
Местото Сирен лежи на 9 километри западно од Париз на брегот на Сена и се смета за најблиско предградие на главниот град. Во истоимениот локален клуб 10-годишниот Канте ја започнал кариерата.
Клубот има 80-годишна традиција - но со скромни достигнувања (9-та лига). „Да се отиде од кај нас во професионален фудбал е практично невозможно. Тоа е како да добиеш на лото“, вели Петр Војтин, детскиот тренер на Канте. Полјаците Војтин и Томаш Бжимек работат во овој мал клуб и денес, а на светот му даруваа пример за упорноста на Канте.
Пред некој празник, тренерите забележале дека малиот Нголо слабо ја користи левата нога и ударите со глава, па му предложиле да размисли за тоа на празниците. После два месеци малиот шутирал со лева исто како со десна, а јако играл и со глава.
Соблекувалната на клубоот Сирен е излепена со фотографии и текстови за Канте. Тој на Сирен му дал повод за гордост, но и за заработка. Преминот на Канте во Кан му донел на малиот клууб 8.000 евра, а по трансферот во Лестер, добиле 240.000 евра. Раководството веднаш свикалоо специјално собрание на кое се разговарало што да прават со толку пари.
На крајот решиле да купат мини бус за потребите наклуот и довеле неколку нови тренери во стручниот штаб. Претпоставувате како изгледал состанокот пред трансферот на Нголо во Челси.
Во врска со односот на Канте кон парите, најубаво објаснување даде Џејми Варди, во својата книга. Французинот еднаш задоцнил на тренинг во Лестер и во согласност со клупскиот правилник должен бил да плати 100 фунти. Во тој период англискиот на Канте бил далеку од добар (морал да оди на курс оргаанизиран од Лестер), така што Французинот со африкански корени се мачел да објасни зошто доцнел.
На крајот некако се собрал и прашал: „Како можам да платам толкава сума кога во Африка луѓето гладуваат?“ Се договориле парите да ги префрли за добротворни цели.
КАНТЕ И СКАПИТЕ КОЛИ
Варди во својата автобиографија се сеќава и како Канте кога дошол првпат во Лестер, планирал на тренинг да оди пешки низ градот затоа што мислел дека нема потреба од кола. На крајот му објасниле дека како играч во Премиер лигата тоа не е пријатно и дека ќе го застануваат на секој чекор.
Врти-сучи го натерале да земе кола, па на крајот се решил за Мини Морис.
Откритието на Џејми било се подудира со полу-легендарната анегдота за Канте од времето кога играл во Каен. Неговите соиграчи претпочитале на тренинг да доаѓаат во бесни коли, а Нголо ставал ранец на грб и доаѓал на скутер.
Односот се сменил после еден разговор со мајка му. Таа му рекла дека не е пристојно така да оди на тренинг и настојувала да си купи кола. Синот на крај ја послушали и земал едно Renault.
„МОЖЕШЕ ДА ОДИГРА НАТПРЕВАР, ДА СЕ ВРАТИ ДОМА, ПО ПАТ ДА ТРЧА МАРАТОН, А ПОТОА ДА ИГРА ФУДБАЛ СО ДРУГАРИТЕ“
Мајка му на Канте работела како чистачка и воспитувала дури 9 деца. Татко му починал кога Нголо иммал 11 години. Можно е дека најдобриот фудбалер во Премиер лигата од мајка му ја наследил енергијата, борбениот карактер и истрајноста.
Еден од неговите соиграчи од детството за него дал опис дека Канте „ладно“ може да изигра првенствен натпревар, да истрча маратон, па со другарите во маало да игра партија фудбал.
Варди во книгата пишува: „На тренинг кога вежбавме контрола на топка 11 играчи опколуваа двајца внатре. Канте толку весело бегаше со топката што никој не успеваше да му ја земе“.
На неговите почетоци се сеќава и поранешен соиграч од Кан: „На утринскиот тренинг доаѓаше прв, во 8 и заминуваше последен. Просто тоа му е во крвта. Не зборува многу, но неговото лице зборува за неговиот детски карактер“.
СМЕТАЛ ДЕКА НЕ Е ДОВОЛНО ДОБАР ДА ИГРА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ФРАНЦИЈА
Канте дебитираше за Франција на 29. март 2016 на својот роденден (роден е 1991). Добил најубав поклон: Французите ја победија Русија 4:2 а еден од головите го дал Нголо.
Интересно е што пред неколку години сакал да игра за Мали од каде потекнуваат неговите родители. Кога во Лестер го убедувале дека би било глупаво да ја одбие понудата да игра за Франција на Европското, тој им одговарал дека не е соодветен за селекцијата на Дешамп, дека ќе нема место за него.
На крајот не само што имаше место, туку Канте стана незаменлив дел од репрезентацијата. На дебито влезе наместо Ласана Диара, поранешниот играч на Челси, Арсенал и Реал Мадрид кој рекол дека Нголо е подобар од него.