Канте е еден од оние ретки играчи кои може нема да го забележите многу на терен, ама всушност тој е најголем работник. Можеби го прати и среќа, ама како велат среќата ги прати храбрите.
Пред четири години веројатно не го ни познававте бидејќи играше за Каен, ама затоа гледајте како му се одвива кариерата од 2015-та па навака:
- Стана член на Лестер во 2015-та за 5 милиони евра: Ја освои Премиер лигата.
- Дебитираше за селекцијата на Франција во 2016-та: Стигна до финале на ЕП 2016.
- Потпиша за Челси во 2016-та: Ја освои Премиер лигата во сезона 2016/2017 и ФА Купот.
- Дебитира на Светско првенство во 2018-та: Ќе игра во финале.
Ете тоа е Канте, борецот на Челси и селекцијата на Франција, кој беше клучен играч во бајката на Раниери.
N’Golo Kanté is a joke btw.
— joshua jones (@joshuapsjones) July 10, 2018
Joined Leicester for 5m in 2015, won the Premier League and made his France debut in 2016, got to the Euro 2016 Final, joined Chelsea, won the Premier League in 2017 and the FA Cup in 2018, and now he’s in a World Cup final.
All in just three years. pic.twitter.com/YF1ujJPphx