Затоа што минатата недела, Кјара Ферањи се омажи и целата свадба и беше #sponsored. Не е глупа.
Свадбата ние ја начнавме тука, кога се забављавме со Стефано Габана и неговите безобразлуци на Инстаграм, а феноменот Кјара Ферањи го покри Емили уште пред 6 години, кога девојката веројатно беше стигната до третина од успехот што го има денес.
Модната блогерка Кјара Ферањи се омажи за нејзиниот дечко, италијанскиот рапер Фадез (да беше диџеј, ова ќе беше најдваеспрви век свадба евер, ама и вака може) во Сицилија, и нејзиното дружење со роднини и пријатели и славење на љубовта и новото семејство на брендовите чиишто производи учествуваа во екстраваганцата им заработи, внимателно - 36 милиони долари. Просто, човек сфаќа колку природно доаѓа референцата искористена на Quartzy од „Таткото на невестата” со Стив Мартин:
„Порано мислев дека свадбите се едноставна работа. Се среќаваат дечко и девојка. Се вљубуваат. Тој купува прстен. Таа купува фустан. Кажуваат ‘да’. Згрешив. Тоа е венчавање. Свадбата е сосема поинаква работа.”
А кога ќе се спојат индустријата за свадби и влијанието на социјалните мрежи, тогаш е платена работа.
На кратко само: На Кјара Ферањи блогот е The Blonde Salad. Кога стана тема на истражување на школата за бизнис на Харвард, имаше околу 3.2 милиони следачи на Инстаграм и заработуваше 9 милиони долари годишно. Три години подоцна, веќе се намножија следачите до 15 милиони, а Ферањи стана претседател и CEO на две компании - една за медиуми и менаџирање таленти, друга - моден бренд што, на пример, заработи 15 милиони долари во 2016-та.
Е сега, свадбата:
Проектот траеше цел викенд, со најмалку четири дизајнерски фустани, спонзориран лет од Алиталија за транспорт на гости до Сицилија, цветен тепих за добредојде и лесно движење по калдрмите, шолји, копчиња, тањирчиња и слично на тема свадбата, славен диџеј, панорама како во Луна Парк, огномет и бескрајно многу други инстаграмливи моменти, обавезно под хаштаг #TheFerragnez. Досетливо.
Според Launchmetrics, фирма за маркетиншка анализа, на брендовите вклучени во свадбата, Ферањи им носи многу милиони во „media impact value” што е мерка на Launchmetrics за монетарна вредност на една објава на социјални мрежи.
Ви се чини глупо да се става цена на секој свадбен детаљ? Не лажете, криво ви е дека не ви текнало порано. Порано да блогирате, порано да ве приметат, па да не платите 17.000 евра, меѓу кои и 50 за порцијата на шефот на чичкото со жена му.
Само, финтата е тоа внимателно да го издокументирате за Инстаграм.
Еве како се прави:
Приватниот лет со Алиталија:
Едниот фустан, од Прада:
Шминката од Ланком:
Деверушите во Алберта Ферети:
Фустанот од Диор:
Бурмите од Помелато:
Уште едниот фустан од Диор:
И така.