Како Ѓоковиќ го најави ривалството со Федерер

Со оглед на тоа што и двајцата се над 30, штета што нема уште долго да уживаме во нивните меѓусебни битки кои беа епски низ годиниве. Имаме видео од првата победа на Новак по која за Роџер ништо повеќе нема да биде лесно и едноставно.

Новак Ѓоковиќ за прв пат во историјата го победи Роџер Федерер на Роџерс Мастерс Купот во Монтереал, Канада во 2007-ма година. Се работи за третиот најстар турнир зад Вимблдон и УС Опен кој постои оd 1881-ва.
 
Од едната страна имаме страшен и неприкоснвен тенисер во врвна форма со 26 години и 5 од 5 на Вимблдон кој ги освојуваше од 2003-та до 2007-ма. Од другата страна 20 годишно момче со нова енергија, желно и мотивирано за докажување, токму против најдобриот.
 
 
Видеото трае само 9 минути. Велиме “само“, бидејќи пресекот од мечот се гледа во еден здив и штета што толку брзо завршува. Уште од тогаш се гледа какво к`не е Србинот, кој лавовски се бори за секој поен. Со форхенд за почит.
 
Победи 2:1 со тајбрејк во првиот и третиот сет, а по овој триумф Надал го нарече Новак идниот број 1 во свет. Зборовите на Шпанецот станаа вистина по само 4 години откако Ѓоковиќ се искачи на тронот во Вимблдон.
 
 
11 години после оваа битка статистиката покажува водство на Ѓоковиќ од 24:22 во сите нивни дуели и 9:6 на Гренд Слемовите.
 
А внимавајте на овој податок:
 
Досега Федерер е единствениот човек кој го победил Ѓоковиќ на сите четири Гренд Слем турнири, а исто така Ѓоковиќ е единствениот човек кој го победил Федерер на сите четири Гренд Слем турнири.

14 септември 2018 - 12:16