Признанието кое традиционално се доделува за „неубедливи, изнасилени, засрамувачки или излишни пасуси од сексуална природа во инаку добри романи“ ќе продолжи да се доделува во 2021 година.
Меѓу ретките средства кои им стоеле на располагање на жените од „мрачниот“ среден век за развод било да докажат дека нивните сопрузи не се во состојба да ги извршуваат брачните должности. За оваа цел пред црковниот суд биле повикувани сведоци, но и „тестери“ на гениталиите на сиротиот обвинет.
Денес, 14.11., се одржува „помен“ на јутјуб канал кој постоеше точно една година. Рокот на траење му се знаеше уште кога се отвори, а е содржан и во неговото име.
Нетфликс серија за едно судење кое се фокусира на поротата - на тие обични и често ранливи луѓе со свои проблеми и предрасуди кои треба да одлучат за нечија судбина. Тоа што е на фламански е уште еден многу интересен елемент.
Секоја година во САД се регистрираат повеќе од 50,000 сценарија. Но само мал број од нив навистина се снимаат, а уште помал број засекогаш ја менуваат филмската историја. Чисто статистички, помеѓу нив мора да има и нешто што вреди. Но како тоа нешто да се најде? Еден човек решил да не игра по правилата.
Вистинското име ѝ било Марија Барбела. Во 1895 била обвинета за убиство на љубовникот и осудена на смртна казна. Нејзината приказна била медиумска сензација.
Култниот албум Angel's Breath е последно нешто што го направи Младеновиќ во својата богата музичка кариера. За жал, не го дочека неговото излегување. Овие денови издавачката куќа Кроација рекокрдс го реиздаде, а во продажба ќе може да се најде од 19 јуни.
Трагајќи по интересни теми го пронајдовме подкастот Stuff You Should Know и епизода посветена на еден подзаборавен елемент на бела техника, кој станува актуелен во време на тоалет хартија паника.
Неверојатно е колку бргу мозокот ни се шалта во „дистанцирај се“ моуд, и почнува да толкува сè што е обратно од тоа како опасно или барем необично. Бацување на филм? Брррр...
Излегувањето на „Потеклото на видовите“ на Дарвин во 1859 го променило текот на научната историја. Она што е необично е што нејзиниот издавач бил и меѓу нејзините најголеми критичари.
Организаторите на првата британска изложба на тема тантра, на публиката ѝ порачуваат две битни нешта: дека таа нема да вклучува ништо од Кама Сутра. И дека во неа не е спомнат Стинг.
Празниците не се завршени, но можеби веќе ви е јасно дека наскоро ќе мора да се сврти малку на диета и поздрав живот. А можеби кифлите помалку се фаќаат ако се оди на прсти?
„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.
Во науката за сексот многу повеќе внимание е посветено на чинот на имањето секс - кога, каде, со кого - отколку на тоа што луѓето мислат за него. Еден истражувач одлучил малку да се позанимава со темата, и по спроведување на најголемиот проект посветен на сексуалните фантазии, издал книга во врска со тоа.
Не се мисли (само) на оние кои имаат најмногу секс, туку и на оние кои најмногу мислат на него. И притоа, барем во книжевноста, тоа главно не е на арно.
Еден од ретките примери кога за да кажеш што и да е за филмот всушност мораш да ја откриеш главната финта. Затоа, освртот кој следи е од типот „газење по јајца“.
Наречена „поп стар на порното“, Стоја, актерка и продуцентка на филмови за возрасни со српско потекло, е бранителка на порно индустријата и еден од нејзините најартикулирани коментатори. Сега има и нова книга.
На 5 јуни во Тулуз, Франција, почна судење кое има врска со неколку работи: грабеж на банка, панк движење кое беше популарно низ Европа во раните 1980-ти, и еден човек кој се врати од мртвите. Необична комбинација, за необична приказна.
Под „пусто турско“, а пред влијанието на западната хетеронормативност од доцниот 19 век, сексуалните обичаи биле многу поразлични и поживописни отколку што замислуваме. Пример за тоа е отоманската сексуалност.
“Bona to vada your dolly old eek!” Ова може да звучи како бесмислена реченица, но всушност бил вистински поздрав помеѓу геј мажите во Британија во 1950-тите и 1960-тите. Значи „Фино што ти го гледам убавото лице“ и е изговорена на јазик кој се нарекува полари.
Стереотипно, средниот век го замислуваме како мрачен и тотално нееротичен. А пак историјата на сексот како линеарна, која тече од репресијата под христијанскиот запад, до денешната (наводна) сексуална слобода. Ама изгледа не било баш така...
„Мозаик“ е минисерија во траење од повеќе од седум часа, во која гледачите имаат можност да бираат по кој редослед ќе го следат дејството, односно кои ликови ќе им бидат „главни“. Сценариото има повеќе од 500 страници, било развивано по дефинирањето на главниот костур на приказната, и тоа со години.