Во фудбалот не е секогаш доволно за победа само да си фаворит (читај Арсенал - Ѕвезда 0:0) или да имаш вкупно 30 удари од кои 9 во рамки на гол (Борусија - АПОЕЛ 1:1). Понекогаш само среќа е бе дечки, исто како на спортска.
Борусија Дортмунд има 2 бода на 4 средби во ЛШ, а Атлетико Мадрид и Наполи по 3. Гледајќи какви примери има низ историјата во елитното натпреварување, може да заклучиме дека ништо не е завршено, додека не заврши.
Серхио Агуеро синоќа стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити, но тоа не е единствениот историски факт за издвојување од него. Откако го постигна првиот гол во Премиер лига, никој не може да го стигне.
Фудбалерите на Тотенхем целосно го надиграа индиспонираниот европскиот првак и обезбедија осминафинале во ЛШ, а таму се пласираше и Манчестер Сити кој го исфрли лидерот од Серија А од игра за топ 16. Борусија Дортмунд не знае да победи по 4 кола.
Со оглед на тоа што се опрости од МЛС лигата, а веројатно ќе стави и крај на активното играње фудбал, бразилскиот ас ја сумираше кариерата во пет натпревари кои му го промениле животот. Не одбра ниту еден меч од Реал Мадрид каде играше од 2009-та до 2013-та.
Рома со 3:0 го прегази Челси и со 8 бода се издвои на првото место во групата Ц. За време на целиот меч, дефанзивците на Конте изгледаа како мали деца.
Македонскиот репрезентативец на голема врата дебитираше во елитното натпреварување и цели 90 минути се справи добро со ѕвездите на Јувентус. Рома го декласираше Челси, ПСЖ од друга планета, а Барселона киксна во Пиреја.
Бразилскиот клуб Ибис живее во паралелен универзум. На крајот од септември неочекуваната победничка серија ги фрлила навивачите на овој тим во депресија и тие со носталгија се сеќавале како екипата еднаш не можела да победи цели 4 години!
Некогашниот шпиц на Удинезе, Рен, Сандерленд и репрезентацијата на Гана неколку години го немаше на фудбалската мапа и сите заборавија на него. Сега се враќа како цар од Истокот.
Во недостиг на информации како нашево знаме завршило баш на оваа трибина во Италија, одиме со две претпоставки. Или се ова некои нашинци кои живеат таму и се загреале по дебитантот во Серија А кој не знае кај тера или па многу го почитуваат Никола Јакимовски.
И покрај тоа што се наоѓаме во ера кога скроз се изместени границите во однос на парите кои се трошат за фудбалери, сепак има уште клубови кои си го ценат своето и се потпираат на сопствените производи.
На денешен ден пред пет години се одигра најненормалниот натпревар во историјата на англискиот Куп. Ридинг после 35 минути игра водеше 4-0 против Арсенал, а ’Топџиите’ успеаа да се вратат на 4-4 и во продолженијата да слават 5-7. Кога завршија регуларните 90 минути на 4-4 Жиру и Кокелан мислеле дека ќе има реванш и ги фрлиле дресовите на нивните навивачи... Па си ги бараа назад да доиграат.
Иако се работи за нисколигашки фудбал во Англија, ова мора да се одбележи. Жолтите имаа предност од 3:1 и во само една минута успеаа да го прокоцкаат како на ракомет. Примија гол, па се посрамотија за 4:2 и потоа примија уште еден. За ова се јадат чакмаци во соблекувална.
Екипата основана пред 13 години од група бегалци од Курдистан стана „репрезентација“ на цел еден народ без своја држава. Направиле дури седум промоции од 2004-та и ќе играат во првата лига на Шведска, Allsvenskan.
Станаа првиот италијански клуб кој во рок од две години успеаа да влезат во втора, па во прва лига, ама следното коло ќе бидат првиот италијански клуб со 12 порази на 12 меча.
Италијанскиот напаѓач Симоне Ѕаѕа во само неколку месеци помина пат од дното на врвот. Самиот искрено признава дека ако не паднеш никогаш нема да знаеш како е горе. Се препороди во шпанска Валенсија каде дава голови како машина.
Актуелниот шампион на Европа синоќа доби две шлаканици од новиот прволигаш, кој во рок од 4 минути направи пресврт за златни 3 бода. Голот за израмнување е како да гледате двајца Меси во налет. Рамос и другарите не знаеа кај се наоѓаат.
ФИФА синоќа донесе историска одлука со која сите освојувачи на Интерконтиненталниот Куп ги призна за Светски шампиони, а меѓу нив и Звезда со Панчев и Најдоски. Се потсетуваме на едно финале во кое на гостинските фудбалери им било поважно да спасат глава, отколку да го освојат пехарот.