На 22 октомври 1969-та година фудбалерите на Милан истрчаа на стадионот Ла Бомбонера во Буенос Аирес за да се соочат со Естудијантес во реванш финалниот меч од Интерконтиненталниот Куп.
Последните метри од теренот не биле заштитени, а тоа значело дека фудбалерите се изложени на голем ризик од аргентинските ултраси. Така почнал да се игра еден од најопасните фудбалски натпревари со дивјачко однесување спрема гостинските фудбалери од кој еден заврши во станица.
Првото финале се одиграло на 8 октомври на Сан Сиро. Милан тотално доминирал и славел 3:0 со двата гола на Сормани и погодокот на Комбин. Кам бекот за Аргентинците бил многу тежок.
Први на терен се појавиле фудбалерите на Милан кои веднаш биле гаѓани со разни предмети, а потоа дошле играчите на Естудијантес кои имале чуден начин на загревање, секој со по една топка во раце.
Играчот од средниот ред на Милан, Џовани Лодети се сеќава:
„Цел натпревар беше таков, кога ја имаш топката некој ти влетува и те крши од ќотек. Судијата кој беше од Чиле, воопшто не се замараше со ништо. Еден од бековите на Естудијантес толку силно го исклоца Прати што овој мораше да го напушти теренот.
Милан повел со голот на Џани Ривера од контранапад. Домаќините брзо направиле пресврт, а Росонерите биле релативно мирни со оглед на комотниот резултат од првата средба. Најважно било да се спаси глава.
Бидејќи на Аргентинците им било јасно дека во второто полувреме тешко можат да стигнат до победа доволна за да го подигнат пехарот, најважно им било да го казнат Нестор Комбин, инаку дезертер и роден во Аргентина кој станал француски државјанин.
Во еден момент иако топката не била кај него, тој добил толку силни боксови што завршил со пукнат нос и јаболчница, а на крајот од мечот четворица полицајци го собрале во станица.
Милан го подигнал пехарот и заминал на аеродром. Поминале неколку часа, но Комбин сè уште не се појавил, а тимот на чело со легендарниот тренер Нерео Роко, одлучиле да не се поаѓа.
Случајот стигнал до двете амбасади кои почнале да контактираат меѓу себе, а Аргентинците сакале да го задржат Комбин за да го отслужи воениот рок. На крајот проблемот бил решен, а аргентинскиот напаѓач се појавил на аеродром.
Интерконтиненталниот Куп завршил на таков начин, со “војна“ меѓу двете земји, а Рамос Суарез кој му го скршил носот на Комбин добил 5 годишна суспензија. Следната година во финалето повторно играл Естудијантес кој загубил од Феенорд, а од 1980-та Јапонците ја спасиле работата, бидејќи секоја година сè до 2004-та се играло во Токио.