Навивачите барале тренерот да биде избркан и претседателот да даде оставка затоа што во неделата Ибис можел да победи четврти пат по ред и да го обнови клупскиот рекорд со серија на триумфи.
Сè е ова нормално за официјално најлошиот тим на светот.
Ибис игра во втората дивизија во шампионатот на државата Пернамбуко (генијалецот за слободни удари Жунињо е од таму). Патот на клубот кон висините бил обратен: Од 20. јули 1980 година до 17. јуни 1984-та Ибис ниеднаш не победил - одиграл 7 нерешени средби на 55 меча и сè друго загубил со примени 231 гол а дадени 25.
Таквиот лузерски учинок го направиле познат овој клуб кој добил место во Гинисовата Книга на рекорди. Целата приказна ја дополнува играчката легенда на клубот Мауро кој 10 години играл на позицијата шпиц и дал само еден гол.
Статусот најлоша екипа на светот е сè што Ибис има. Клубот на Твитер добил 500 и кусур ретвита на постот „Не сме победиле 3 години и 11 месеци“, а на 28 декември (во Бразил тогаш е денот на шегата како кај нас 1. април) 2015-та Ибис соопштил за скорото назначување на избрканиот Жозе Мурињо од Челси.
Em primeira mão, o contrato do nosso futuro técnico José Mourinho, que já está aqui em Pernambuco. #MourinhoNoÍbis pic.twitter.com/KOan84L7ke
— Íbis Sport Club (@ibismania) December 28, 2015
На Португалецот му предлагале гарантирана корпа со храна, мачиња за пораз и шут карта во случај да го освои првенството.
Сосема неодамна екипата била во длабока криза: моќен старт во првенството, Ибис го повторил достигнувањето од 97-ма година - 3 победи по ред. Локалните весници го нарекле тренерот Гвардиола, а навивачите ги обвиниле фудбалерите за добра игра затоа што клубот ќе го загуби идентитетот.
На ѕидовите се појавиле графити со барање управата да си оди а на Инстаграмот на Ибис еден новинар се сликал како го пали дресот. Првиот ден од октомври годинава Ибис одиграл нерешено со Сентро Лимоиренсе и непријатната победничка серија била прекината.
Во неделата Ибис пропуштил шанса да влезе во првата дивизја на државниот шампионат (тоа го сакало раководството како подарок за 80-годишниот јубилеј на клубот). Сè се решавало во двомеч. Претпоставете кој успеал да изгуби на вториот меч 3:0 откако на првиот славел 2:0?