Вардар бие тешка битка против Кјелце кој важи за фаворит на гостувањето во Јане Сандански. Пољаците водеа +4 на полувреме, а капитенот намали на +3 со еден удар на прва во кој го истури цел бес што не им оди.
Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.
И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.
Ракометарките на Вардар дефинитивно фатија залет кон европската круна откако вечерва ја забележија и шестата победа на шест меча. Совладан Турингер 29-21.
Европскиот вицепрвак стигна до пет од пет во ракомената Лига на шампиони, откако во натпревар со неизвесна завршница го победи Ференцварош со само еден гол разлика.
По триумфот над ФТЦ Будимпешта дома и Турингер на гости, ЖРК Вардар стигна до 3 од 3 во новата сезона од Лигата на шампионите. Ина Суслина ги пушти пипците како октопод и го заврши мечот со 17 одбрани.
Европските вицешампионки ја забележаа и втората победа во новиот циклус на Лигата на шампионите откако попладнево со 29-21 (19-11) го совладаа Турингер на гости.
Ракометарките на ЖРК Вардар со триумф ја почнаа новата сезона во Лигата на шампионките. Блесок на новото засилување Драгана Цвијиќ која летово дојде од Будуќност како шести најскап трансфер.
Секој херој треба да има своја улица, па еве нашиот ја доби својата, стои на Твитер профилот на скопската Рок кафана Рустикана 2.0. Зошто да не, зборуваме за капитенот на Европскиот првак Вардар. Кога ќе викнете такси до таму тоа би звучело вака: Една кола ве молам до улица „Столе Стоилов“.
Јованка Радичевиќ веднаш по завршувањето на финалето против Ѓер изјави: Да игравме два дена судиите немаше да дозволат да победиме. Покрај судиите доста полемики предизвика и овој тајм аут во финишот кој според правилата се свикува кога тренерот сам ќе го спушти картонот на записничката маса.
Од драматичното прво финале во клупската историја, ракометарките на Вардар ќе се задоволат со второто место на Фајнал Форот на Лигата на шампионите, откако вечерва загубија во продолженијата од Ѓер 31-30 (15-12, 25-25).
Иако играа против Будуќност, домашните навивачи на Ѓер не пропуштија да ги пецнат бројните романски навивачи на Букурешт кој подоцна играше со Вардар. „1918 - Мојата баба е постара од Романија“, стоеше на банерот со кој Унгарците ги закачнаа комшиите за датумот на нивната независност.
38-годишната руска голманка Ина Суслина вечерва во полуфиналето на Фајнал Форот против Букурешт бранеше како својот колега од машкиот клуб на Вардар и фати дури три седмерци во едно полувреме.
Со тотален ракомет, Вардарки го толчат романскиот шампион и актуелен европски првак Букурешт, чиј тренер Пер Јохансон во еден момент од вториот дел бесно ги праша своите избранички: „Ако не ви се игра, да викнам автобус да си одиме дома“?
Како никогаш досега ракометарите на Вардар имаат одлична шанса за пласман на Ф4, откако од Германија во Скопје донесоа +2 гола предност пред реваншот со Флензбург.
На реваншот против данскиот Мидтјиланд ракометарките на Вардар славеа 26-24 и обезбедија пласман на турнирот Ф4 каде ќе атакуваат на титулата европски првак.
Во можеби најлесниот натпревар сезонава, на домашен терен Вардар го победи Турингер 36-26 и во мир ќе замине на паузата пред четвртфиналните дуели. Таму или ќе одат во Данска или во Романија.
Давид Дејвис кој беше во стручниот штаб на машката ракометна екипа, па ја замени Индира Кастратовиќ на клупата во женскиот клуб, побарал да се врати на старото место.
Не само што го загубија првото место од Ференцварош во групата, туку и првпат во Лигата на шампионите примија повеќе од 40 гола. Мец - Вардар 42:28 (19:16).
Давид Дејвис менуваше дури три голманки (Амандин Лејно, Ина Суслина и Мајсу Песоу) но 32-годишната Катарина Булатовиќ вечерва беше неверојатна и со 14 гола ја прекина победничката серија на Вардарки. 28:31 (16:17).
Ракометарките на Вардар ја продолжија победничката серија која сега изнесува 8 триумфи по ред, откако попладнево го победија Турингер после драматична завршница на мечот на кој имаа 8 гола предност.
По големиот триумф над европскиот првак Будуќност на гости, ракометарките на ЖРК Вардар го совладаа Мец и стигнаа до одлична серија од седум победи во низа во Лигата на шампионите.