После 8 кола во Серија А, втор е Сасуоло и тоа е најпријатно изненадување во Топ5 лигите во Европа. Најзаслужен за тоа е некогашниот талентиран бисер на Милан кој со романски клуб играл во Лига на шампиони а сега е „Пеп за сиромашни“.
Најголем трансфер бум во Италија направи Федерико Киеза, златното дете на Фиорентина кое потпиша со Јувентус. Таму го чека чичко Џиџи, кој му доаѓал на гости како мал.
Сонот на навивачите на Манчестер Јунајтед конечно се исполни: клубот после многу перипетии конечно најде десно крило, позиција која со години беше дефицитарна на „Олд Трафорд“.
„Рома отсекогаш бил клуб со меѓународен карактер, со сентиментална атмосфера. Овој клуб е отворен за луѓето, остава простор за фантазија, во него може да видите самба, боса нова, дури и почуствително танго“, рекол за Рома Мориконе.
На 23 јуни 1985 година во полуфиналето на Копа Италија еден друг Икарди, помалку познат од овој денес, го решил големото градско дерби. Играл во не баш сјајна ера на Милан а со неговото заминување почнала големата берба на трофеи.
Газдата на Милан до октомври 2018-та треба да врати долг од 350 милиони евра. А се надевал дека ќе успее преку пласман на Милан во Лигата на шампионите, пат кој не само што е трнлив туку делува и непрооден. Во каква ситуација се наоѓаат „Росонерите“?
Го одбивале каде и да одел да тренира фудбал затоа што бил премногу ситен и мал, но секогаш го демонстирал својот карактер и решил да оди до крајот. Сега го сонува скудетото со градот кој го смета за свој син.
Од чиста заебанција снимиле песна и спот која стана најголем хит во латинска Америка и Италија. Феноменалниот Аргентинец кој игра за репрезентацијата на својата земја танцува заразно.
За Мамиќ, Ѕампарини, Хесус Хил и Џиџи Бекали знаеме речиси сè. Ако од сите нив ги извадиш најдобрите карактеристики ќе го добиеш Масимо Фереро, харизматичниот газда на Сампдорија чии навивачи го обожаваат. Неговиот животен пат немал многу што со фудбалот.
Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.
Трет стрелец во историјата на Сампдорија каде повеќе го сакаат од Манчини, Верон и Џанлука Вијали. Три пати паѓал на допинг-тест поради кокаин. За Фиорентина вели дека му била жена а Сампдорија љубовница.
Каде ли ќе беше сега Кристијано ако на времето место во Јунајтед потпишеше за Парма? Или можете ли да го замислите Хамес Родригез во дрес на Бари? Серија А и најбомбастичните трансфери кои пропаднаа во 5 до 12.
„Им ветив на момците ако се спасиме, ќе тргнам со точак до Торино. Приказната немаше да има смисла ако не стоев на зборот во кој веруваа дечките“, вели Давиде Никола кој возеше во чест на син му и други загинати на велосипед.
Две промоции во две сезони, од Серија Ц во Серија Б, и синоќа историски пласман на клубот од Југот во елитната Серија А. Што треба да знаеме за тимот во кој со успех игра и Македонецот Никола Јакимовски.
Не поминаа ни 24 часа откако Мојзе Кин стана најмладиот фудбалер кој дал гол во Серија А, а попладнево малиот Пјетро Пелегри кој неодамна наполни 16 години ја донесе Џенова во водство против Рома на „Олимпико“ на прошталниот меч на Тоти и го сруши рекордот!
Талентот кој го поседуваше во легендарната генерација на Аталанта, Пацини подоцна во кариерата го демонстрираше во повеќе италијански клубови. Раатот го најде во Верона на која што ѝ донесе експресно враќање во најдобрата лига и стана идол на тифозите.
Со две промоции во две сезони, скромниот клуб СПАЛ од градчето Ферара ќе игра во Серија А после цели 49 години! На стадиончето „Паоло Маца“ од татко на син шалот ќе го носат навивачи кои ќе ги гледаат Јуве, Рома, Лацио, Милан, Интер, Наполи...
Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.
Секој голман знае дека прв услов да станеш голман е да знаеш добро да паѓаш. Малиот Џиџи научил рефлексно да се фрла и да паѓа зимно време на снег во куќата на чичко му, а на лето постарите сестри го терале да трча со врзани раце по плажа каде ги дерел колената.