Не е Џејдон Санчо, англискиот репрезентативец од Борусија Дортмунд, првата желба на навивачите на Јунајтед, туку потпишаа договор со Амад Траоре, 18-годишен фудбалер на Аталанта. Оваа вест ја пренесе главниот трансфер инсајдер во Европа - Фабрицио Романо.
За 18-годишниот Амад Траоре, Манчестер ќе плати 30 милиони евра за трансфер и плус бонуси (Ди Марцио пишува дека станува збор за зделка од 25 милиони плус 15 милиони за евентуални бонуси ако малиот се покаже во Англија).
Траоре практично веќе договорил позајмица од Аталанта во Парма (клубовите дури и објавија на социјалните мрежи), но во последен момент влета Манчестер Јунајтед и клубот од Бергамо брзо ја сменил одлуката и прифатил продажба.
КОЈ Е МАЛИОТ АМАД ТРАОРЕ?
Траоре потекнува од Брегот на Слонова Коска. Тој дебитираше во Серија А во октомври лани кога Аталанта со 7:1 го прегази Удинезе, а Траоре го даде седмиот последен гол, негов прв дебитантски.
Заедно со чудото на Барса Ансу Фати, Амад Траоре е единствениот фудбалер роден во 2002 година кој веќе дал гол во топ лигите.
По успешниот старт за нераѕурите од Бергамо, тој само уште два пати влегол во игра и тоа како резерва од клупа. Вкупно има 24 одиграни минути во Серија А и едно појавување на клупата за резерви во Лига на шампиони.
После стартот со гол на деби, за малиот се заинтересираа Јувентус и Манчестер Сити. Но Јуве реши да не ризикува и искешира многу пари за сигурниот Дејан Кулушевски кој веќе се докажа во Серија А (трансфер вреден 35 милиони евра кој со бонуси може да стигне до 44). Интересно, исто и Кулушевски имаше само три меча и околу 120 минути фудбал за Аталанта пред да замине во Парма па во Јувентус,
Сега во Манчестер за Траоре се сигурни дека има блескава иднина како што во Јуве беа сигурни за Дејан.
„Он ќе биде идна ѕвезда, верувајте ми. На тренинзи игра како Меси! Не можеш да го фатиш, нашите стопери имаат проблем кога Траоре е на терен“, изјави најдобриот фудбалер на Аталанта, Папу Гомез.
Амад Траоре во Манчестер Јунајтед ќе се пресели во јануари 2021 година зошто до тогаш ќе се работи на неговиот италијански пасош и дозволата за работа во Велика Британија.
МАНЧЕСТЕР ВО МЕЃУВРЕМЕ ДОВЕДЕ УШТЕ ЗАСИЛУВАЊА
И покрај молкот од „Олд Трафорд“ и бесот на навивачите кои чекаа макар едно засилување на екипата, управата конечно го фати последниот воз и во 5 за 12 реши да испазари.
Бековската линија ќе биде засилена со левиот бек од Порто, Алекс Тељеш а нападот со искусниот шпиц со педигре Единсон Кавани кој 7 месеци беше слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ со кого не играше во финалето на Лига на шампиони.
Покрај овие двајца искусни играчи, на препорака од легендарниот Диего Форлан, Јунајтед за 10 милиони фунти (12 милиони долари) го купил и младиот крилен фудбалер Факундо Пелистри од уругвајскиот Пењарол.
Форлан му бил тренер на Пелистри и го препорачал кај својот поранешен клуб. За Пелистри биле заинтересирани уште и Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Јувентус. Тој се смета за најголем талент во Јужна Америка во моментов.
Амад Траоре и Факундо Пелистри доаѓаат како алтернативи за неуспешните трансфери на Џејдон Санчо и Осман Дембеле.