Чудото од дете на Јувентус беше творец на пресвртот против Болоња во 94-та минута од мечот.
Во ноември 2016-та Кин дебитираше во Серија А на 19. ноември на 16 години кога влезе во 84. минута од мечот со Пескара наместо Манџукиќ. Само три дена подоцна, на 22. ноември Кин стана најмладиот играч кој настапил во Лигата на шампионите откако одигра 7 минути против Севиља.
Синоќешниот меч му беше трет на Мојзес во првиот тим.
„Многу сум среќен за првиот гол. Го посветувам на фамилијата, пред се на мајка ми која не веруваше дека дадов гол. Сон на сите 17-годишни фудбалери е да даваат голови за дресот на Јуве. Беше многу убав момент, но имам многу да работам, ова е само почеток“, изјави голобрадиот Мојзе Кин кој за жал нема да биде на клупата во Кардиф (место за 7 резерви).
Повеќе за младиот шпиц на Јувентус Мојзе Кин, тука.