На последните 6 меча одиграа реми со Лече и едвај го тепаа СПАЛ. По 13 минати кола од вкупно 39 можни бодови освоија 14 и се на 12-та позиција со мизерни 12 постигнати гола. Полош Милан немало во последни 30 години. И згора на сè на еден час пред мечот со Наполи го прават ова:
Даниел Малдини има 18 години. Роден во 2001-ва година, игра за младинците (Primavera) на Милан чии легенди се неговиот дедо Чезаре и татко му Паоло. Даниел е фудбалер од среден ред, минатото лето беше на американската турнеја со првиот тим, но од стартот на сезоната е назад со младинците.
По примерот на Манчестер Јунајтед, и Милан докажува дека кога еден гигант ќе го допре дното, многу е тешко да се врати на старите патеки на успехот. Со години росонерите не можат да се опорават, а нов шамар синоќа им залепи Фиорентина предводена од ветеранот Рибери.
Иако Италијанец Инѕаги не се однесувал баш италијански. Јадел бела паста, па во истата чинија ставал црвена и на крај бутал сувомеснато. Највесело било после едно финале во ЛШ кога славеле до ниедно време, па барале да им вари шпагети во 5 сабајле. Потоа го фрлиле во базен, а кутриот не знаел да плива.
Налик на средовековен храм, „Сан Сиро“ претставува величествена арена која не може да се споредува со кој било друг стадион на светот. Гигантски голем, дом на миланското дерби и со големите црвено-црни и сино-црни знамиња по оградите е нашето детство и наша младост.
Во свет каде со фудбалските клубови владеат азиски инвестициски фондови, играчите менуваат клубови како чорапи и нема никаква романтика, приказната за Монца е убава бајка која не знаеме дали ќе има среќен крај.
Со одлична серија од 7 победи и 3 нерешени, Росонерите во топ форма го пречекуваа градскиот ривал. Натпреварот не само што не е како и секој друг бидејќи е градско дерби, туку е и битка за 3/4 позиција. Милан има 51 бод, Интер 50. Момците на Спалети се ранети од ЛЕ, а Гатузо го има супер јануарското засилување по име Пјонтек. Жешка најава на Милан во пресрет на вечерната битка закажана за недела 20:30.
Ако Џенаро Гатузо и верува на традицијата, ама пред сè и на играчите, тогаш со оваа бодовна ситуација во која се наоѓа треба само да ја продолжи низата на учества во ЛШ. Минимум 42 бода по 24 кола му биле мајката.
Ниту иконата Паоло Малдини на 19 години немал 150 настапи за Милан, подвиг кој му успеа на Џиџо Донарума синоќа во триумфот против Каљари (3:0). Џиџоне, кој важи за легитимен наследник на големиот Буфон, заработува 6 милиони евра годишно + бонуси.
Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.
По серијата срамни резултати со Беневенто и Верона, во таборот на Милан конечно огреа сонце. Го добија градското дерби во четвртфиналето од Купот и тоа со Донарума на голот, ама Антонио за кој брат му Џиџо пред да потпише го услови клубот да го земат и него. Навивачите експлодираа од иронија.
Градското дерби меѓу Милан и Интер до толку има тежина, што Гатузо рече дека вечерва ќе биде важно како мундијалско финале. Ќе се потсетиме на едно неодамнешно со скроз неочекуван однос на навивачите на кое тренерот на Милан тогаш беше меѓу играчите и им рече дека се луди.
На 23 јуни 1985 година во полуфиналето на Копа Италија еден друг Икарди, помалку познат од овој денес, го решил големото градско дерби. Играл во не баш сјајна ера на Милан а со неговото заминување почнала големата берба на трофеи.
Пред мечот од осминафиналето на Купот на Италија против Верона (3:0), тифозите на Милан му скандираа на Донарума: „Оди си ѓубре лакомо“ и извадија многу убитачна парола.
ФИФА синоќа донесе историска одлука со која сите освојувачи на Интерконтиненталниот Куп ги призна за Светски шампиони, а меѓу нив и Звезда со Панчев и Најдоски. Се потсетуваме на едно финале во кое на гостинските фудбалери им било поважно да спасат глава, отколку да го освојат пехарот.
Против Рома во составот на Милан имаше дури 9 фудбалери кои дојдоа летово или кои лани не го носеа дресот на Милан. „Зајакот“ веројатно лежи кај Лео Бонучи поради кого Монтела морал да ја испретумба цела формација и на крајот да добие нула.
Дербито на 3. коло од новата сезона во Серија А се игра во недела во 15:00 часот, а се среќаваат екипи кои често тргуваат меѓусебно и си разменуваат играчи. Еве неколку примери од Диего Фузер до Лукас Биља. Петмина капитени на Лацио направија трансфер во Милан.
За да се пронајдат пет победи на петте големи екипи од италијанското првенство во прво коло, треба да се копа во историјата се до сезоната 1985/1986. Но ако тоа е знак дека може да се повтори и конечниот изглед на табелата, тогаш пак ќе се радуваат само Јувентините.
Штом Сан Сиро крцаше во 3-то квалификациско коло за ЛЕ, тогаш Шкендија дека биде спремна, бидејќи домаќинот ќе има поддршка од сигурно најмалку 70.000 навивачи.
Во нашата рубрка „Навивачи“ од страствените фанови на италијанските екипи ги имавме оние на Јуве, Интер, Лацио и Рома, а сега ви ги претставуваме и Миланистите. Имаат тазе впечатоци од нивното прво европско гостување, надвор од Сан Сиро.
Во историјата на Милан секогаш имало големи тренери благодарение на кои клубот освојувал скудета, Лига на шампиони и многу други европски и светски трофеи. Но човекот кој ја почна бербата на трофеи е творецот на катеначото.
Поминаа шест години од последното Скудето и три сезони гледаа ЛШ на тв. Таква суша за навивачите на Милан е недозволива. Ерата на Берлускони заврши, почна кинеската од која веднаш бараат да го вратат клубот во височините. Летото е до пола, а тие веќе направија полуремонт.
Швеѓанецот Андреас Андерсон во летото 1997 година постигна гол за својот Гетеборг против Милан и тоа било доволно „Росонерите“ да го потпишат како и многу центарфори кои успеале да им избегаат на Барези и Малдини.
Од дебито против Сасуоло на 25. октомври 2015 до поразот во Каљари на 28. мај 2017 кога го одигра последниот меч за Милан. 19 месеци страшни паради, рекорди, грешки, радост и тага.
Еден од најтрофејните светски тренери, Карло Анчелоти направи редок подвиг откако стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој освојувал титули во четири од петте најдобри европски лиги.