Баерн Минхен немилосрдно го прегази Волфсбург на гости со 0:6 и на три кола до крајот од Бундеслигата ја осигура „салатарата“. Баварците на тој начин стигнаа до петтата последователна титула и вкупно 27 во клупската историја.
Славјето беше големо и од причина што италијанскиот стручњак Карло Анчелоти ја продолжи фантастичната серија на освоени трофеи.
Happy for my first Bundesliga. All thanks to my players, my staff, the club and the support of these fans. So proud! #MiaSanMia pic.twitter.com/90wGDVv1zX
— Carlo Ancelotti (@MrAncelotti) April 29, 2017
Карлито во кариерата освои скудето со Милан во 2004, титула со Челси во Премиер лигата 10 години подоцна и пехар со ПСЖ во Лига1 пред 4 години. На Анчелоти не му тргна од рака единствено да го освои пехарот во Реал Мадрид каде две сезони по ред Барселона завршуваше пред него.
Синоќешната титула освоена со Баерн Минхен е 19-ти трофеј во тренерската кариера на некогашниот фудбалер на Милан. Титулата во Бундес е негов втор пехар во Германија, откако на почетокот на сезоната го освои Супер Купот.
Негова најголема желба е да ја освои Триплетата (Тројна круна) до која беше многу блиску со Милан, Челси и Реал Мадрид но не успеа да направи колекција од трите највредни пехари во една сезона. Но за тоа ќе има уште шанси ако се знае дека е тренер на еден од најголемите светски клубови.
На почетокот на својата тренерска кариера, Анчелоти „за влакно“ ја загуби титулата со Парма од Јувентус и тогаш неоправдано го завикаа Вечниот втор.
#Ancelotti wins in Germany too with #Bayern#SerieA ✔️#PremierLeague ✔️#Ligue1 ✔️#LaLiga ❌#Bundesliga ✔️ pic.twitter.com/q4BLcuIKbA
— Luca Stamerra (@StamLuca) April 29, 2017
Наскоро Анчелоти како тренер на Милан почна да ги докажува своите способности па така во 2003-та ја освои Лигата на шампионите токму против Јуве. Од тој момент зареди 8 титули по ред: ЛШ 2003 и 2007, два европски Супер Купа, еден Светски клупски, Куп на Италија, Супер Куп на Италија и Скудето во 2004-та.
Серијата трофеи ја продолжи во Англија, Франција, Шпанија и Германија и стана единствениот тренер кој станал шампион на четири најдобри европски првенства.