Ако му дадеш гол на Милан во европските Купови, тогаш си играч за Милан. Ова било како непишан закон на клубот од улицата Турати во тоа време. Така и за еден симпатичен напаѓач од шведското првенство, меч против Милан значел животен пресврт. Не било потребно ниту да победиш: доволно само да дадеш гол и некој ќе те забележи.
’90-ти години: Милан ја формираше марката „Непобедливи“ пред се поради одбраната каква што не се видела до тогаш, а не се знае ни дали ќе се види повеќе во фудбалот. Примениот гол значеше настан, а само малкумина кои ќе им дадеа гол значеа херои. Барези и Малдини не се поминуваа така лесно.
И таквите јунаци секогаш е подобро да ги имаш како соиграчи отколку како противници: Тестот во ’90-те го поминуваа Папен (со Олимпик Марсеј), Џорџ Веа (со ПСЖ), Клајверт (со Ајакс ги чинеше Росонерите Лига на шампиони), Дугари (Бордо; тој стрелаше, а не Зидан...).
И сè така до групната фаза на Лига на шампиони во 1996-та кога Милан се сретна со Гетеборг. Црвено-црниот состав штотуку го напушти дон Фабио Капело и клупата му ја предаде на Оскар Табарез, но актерите на теренот (пред се во одбраната) останаа исти, па правилото на примениот гол остана исто.
Тоа правило на 30 октомври 1996 година му го смени животот на Андреас Андерсон. Неговиот Гетеборг губеше 2-0 од Милан на половина час до крајот, а Швеѓаните се разбудија на „Сан Сиро“ со два гола за пет минути: Бломквист и еден од многуте голови на Андерсон.
На крајот Миланезите славеа 4-2, но настапот на Андреас бил доволен Галијани да го штиклира во тефтерот или појасно, да го задржи затоа што во Миланело дојде и првиот стрелец Бломквист - два месеци подоцна, во јануарскиот преоден рок.
Голот којшто вредеше договор не беше којзнае што, Швеѓанецот шутираше со глава од половина метар откако топката се одби од стативата. Во летото 1997 Андерсон слета во Милано каде беше трета опција во нападот, по Веа и Клајверт и мораше да ги убеди Италијанците дека тој е „правиот Андерсон“.
Во Серија А, шведскиот центарфор остана уште пар сезони со неговиот ’презименак’ Кенет кој се надава голови во Бари и Болоња. Андреас едно време играше во тандем со Роберто Баџо што се испостави како најчудно напаѓачко дуо во првенството.
Сезоната 1997/1998 почна, но Милан стоеше во место: 2 нерешени и 2 порази во првите 4 кола, а гостувањето во Емполи на Спалети стана првиот пресуден чекор. После цел час отсеченост, во 63’ минута место Клајверт влезе Андерсон кој 5 минути подоцна се најде на право место во право време и го матираше голманот Пагото.
„Сега сите разбраа дека и јас играм за Милан“, кратко изјави Андреас после мечот.
Краткиот престој во Милан ќе му остане запаметен по тој гол: во ануари следната година се спакува и набрзина го продадоа во Њукасл колку да се отарасат затоа што промашуваше многу шанси.
Во Њукасл Андерсон потпиша во јануари 1998 а таму тренер му беше Кени Даглиш кој го замени Асприља (се врати во Парма) со Швеѓанецот.