Во Милан последниве 30 години се сменија десетици тренери, стотици играчи, ама никој не го менува Микеле Персекини. Се работи за историска фацка од нивната кујна која ги рани фудбалерите од времето на Франко Барези.
Штом успеал толку да опстане кај газда Берлускони, тогаш стварно добро готви човекот, ама затоа цел ден е на нога. Станува во 6 сабајле и денот му завршува во 21:30. Треба да се нарани таа војска со доручек, ручек, вечера, инаку од каде енергија?
Оди со нив и на патувања, а порано му било потешко бидејќи морал да тегне сè од Италија. Масло, тестенини, ориз, пршута, пармезан. Еднаш имал и една заебанција, бидејќи бил спремен за три оброци, а мечот бил одложен поради магла, па морал да се снабдува и за следниот ден.
„Фабио Капело нејќеше никогаш на маса да има цвеќиња, па еднаш му ставија на мајтап и тоа на секоја маса“.
„После финалето од ЛШ во Атина 2007, во 5 сабајле на некој му дојде идеа да се јадат шпагети. Во 5:30 сите играчи се собраа околу базен со шпагети, оние класичните со лук и масло. После тоа на некој му текна да ме фрли во базен, ама не знаеа дека не знам да пливам. Малдини набрзина ме фати за рака и ме изнесе надвор“.
„Ромањоли на денот на мечот не може без “rigatoni al ragu“ (вид на тестенини), a Абате без шпагети со сос од домати. Инѕаги јадеше малку паста со бел сос, па во истата чинија ставаше паста со црвен сос и на крај Bresaola (вид на сувоместано)“.
„Саки беше до толку концентриран што додека јадеше често мислеше на формацијата. Анчелоти пак беше гурман и единствен што се здебели во Англија. Значи уживал и во нивната кујна“.
During our #ICC2019 Tour in the US, we learnt a lot from #ACMilan's historic "Cuoco" 🍲
— AC Milan (@acmilan) August 5, 2019
Lo storico cuoco Michele Persechini ci racconta alcuni aneddoti sui rossoneri del passato 👨🏻🍳#FollowTheFlames pic.twitter.com/WIw0FpdwwT