По грандиозниот гол против Баерн во првиот полуфинален меч од ЛШ синоќа, 21-годишниот играч од средината на Атлетико ја заинтересира јавноста за неговите почетоци.
Уште на почетокот на кампањата Берни Сандерс ја знаеше слабата страна на својата изборна математика. "Ако не излезат работниците и сите оние кои живеат од својот труд, ништо не сме направиле," велеше тој будејќи ги надежите дека суштинска промена е можна. Веројатно е можна е, но не овојпат.
Го имавме Двејн Џонсон и неговата исхрана (тука), па го имавме обичниот смртник што проба да се храни како Двејн Џонсон (тука). Сега, на барање на публиката (неговата), Хафтор Бјорнсон на Фејсбук ја објави својата дневна исхрана.
Работите тргнаа разочарувачки за екипа која ја брани титулата. Буфон почна изјави дека можеме и треба да направиме повеќе. До 28 октомври само 12 освоени бодови од можни 30, а потоа 73 од вкупно 75. Искачувањето на табелата одеше вака.
Со ваков наслов денеска излезе Кориере дело Спорт по голот на Наинголан во 89 минута со кој Рома го совлада Наполи и “го промовираше“ Јувентус во шампион на Италија. По пауза од 81 година, Старата дама врзува 5 Скудета по ред.
Ако некој пред стартот на оваа фудбалска сезона ве прашаше кој е Ријад Марез, сигурно ќе креневте раменици. Епа викендов е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата и има 17 постигна гола, 10 повеќе од Руни.
Откако минатата недела се пласираше во третата лига Серија Ц и повторно ќе игра професионален фудбал после банкротот, Парма нè наврати на некои поубави времиња кога овој клуб доминираше во Европа.
По 30 години изучување на економската вредност на шумите, советот на научникот од Шумската служба на САД, Давид Новак, е: "Ако можеш да посадиш само едно дрво, посади го во град."
Во една сезона едвај ја фаќаш сламката за спасот и изгледа дека сè се распаѓа, а следната сезона со крајно скромен буџет водиш борба за титулата. Не е само Лестер во сценариото за најубавиот фудбалски филм сезонава.
До сега Загмајстер го познававме како дизајнер на корици на албуми на Лу Рид, Стоунси, Дејвид Брн и Пет Метени. Австриец со постојан дом во Њујорк, тој деновиве е актуелен со изложба посветена на општочовечката потрага по среќата, поставена во Музејот на применета уметност во Франкфурт.
По пауза од 13 кола завршува црната серија на сицилијанците кои стигнаа до 3 важни бода во борбата за опстанок со директниот конкурент Фрозиноне. Трет гол за Трајковски во Серија А.
Ракометарите на Вардар не успеаа да го добијат тврдиот противник и со посакувана победа да патуваат на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Унгарскиот состав со гранитна одбрана и големо искуство го освои Јане Сандански.
„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.
Бранко Огњановски собра една фина екипа и започнува нов ТВ проект кој ќе оди на Телма. Малку се луѓето на кои сме спремни да им дадеме бланко поддршка. Бане К-15 е еден од нив.
По утките на Џеко од кој во Рома очекуваа многу повеќе, италијанскиот весник Газета дело спорт направи листа на најголеми промашувања во Серија А во последните 30 години. Место направија и за Кобра кој одамна призна дека Интер му била погрешна дестинација.
Главниот мотив ми е еден очигледно тежок проблем: Кој изборен систем може да се бори против хакирана демократија, клиентелизам, да ја одразува вистинската поддршка (или неподдршка) и воедно да им даде шанса на помалите партии или граѓанските иницијативи?
Како резултат на инвестицискиот раст на Рамстор супер маркетите, денес, во рамките на Скопје Сити Мол, се отвори до сега најголемиот маркет од овој бренд. На површина од 3500 м2 продажна површина новиот простор ќе ги понуди сите неопходни содржини за да ги задоволи критериумите на реномиран високоснабден супер-маркет.
Ракометарите на Вардар трета година по ред се во обид да ја минат пречката наречена четвртфинале во ракомената Лига на шампиони и да им се придружат на Вардарки.
Следејќи го европскиот тренд за современ третман на пациентите со малигни заболување и благодарејќи на заложбите на Министерството за здравство на Република Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за лекови и медицински средства и на Универзитетската клиника за хематологија, како и на силните напори на фармацевтската компанија „Рош" во Македонија, поткожната инјекција на лекот MabThera (rituximab) денес е достапна во Република Македонија.
Ако барате ретро случка од денешен ден која е влезена во историјата, ја имате. Бостон Селтик го совлада Чикаго Булс со вкупни 3:0, но на вториот плејоф меч одигран кој едвај го добија во продолженија со 135:131 видоа нешто кое не се случило во кошарката.