Бајката од Дон

Ростов е рускиот Лестер

Во една сезона едвај ја фаќаш сламката за спасот и изгледа дека сè се распаѓа, а следната сезона со крајно скромен буџет водиш борба за титулата. Не е само Лестер во сценариото за најубавиот фудбалски филм сезонава.

На речиси 2.000 километри источно од Кинг Паур стадионот во Лестер, Ростов им пркоси на сите предвидувања во руската лига и покрај финансиските проблеми со кои се соочува.
 
Лесно го совладаа најтрофејниот руски клуб Спартак Москва (има 9 титули во Русија)со 2:0, викендов со 3:0 го прегазија Зенит а голманот Сослан Џанаев не примил гол цели 720 минути (8 меча по ред). Последен пат Ростов примил гол на 30 ноември 2015. година ког Вандерсон од Краснодар ја погодил мрежата.
 
Од тогаш до сега Жолтите не примиле гол. Рекордот на најдолго време без примен гол во Русија го држи некогашниот голман на Локомотива Москва, Руслан Нигматиулин со 941 минута.

Додека Лестер го има Клаудио Раниери како главен режисер на аутсајдерот кој оди на тронот, во градот Ростов на Дон сценариото го пишува Курбан Бердијев, посветен Муслиман кој на прес-конференциите се појавува со бројаница во рацете. Бердијев важи за човек кој јавно не искажува емоции, но по триумфите против главните ривали за титулата ЦСКА Москва 2:0 и Зенит 3:0 синоќа и тоа како скокаше од радост.
 
Ростов игра исто како Лестер, со гранитна одбрана и неверојатно убиствени контри од кои противничките бекови немаат спас. Бердијев веќе има две шампионски титули, со Казан и со Ростов. Овосезонскиот успех на Ростов има поголемо значење ако се знае дека лани лизгаа од катастрофа во катастрофа, и ја спасија сезоната дури на крајот во плеј-аутот. Во сезоната 2014/2015 се бореа да не бидат исфрлени од Лига Европа, затоа што Рускиот фудбалски сојуз ги обвини дека не ги плаќале играчите со месеци.
 

Во меѓувреме Ростов (1.200 километри јужно од Москва) беше близу финансиска пропаст. Клубот е во сопственост на регионалната влада, чиишто средства биле насочени кон вдомување на бегалците од конфликтот во источна Украина. Во октомври 2014-та, ситуацијата беше сериозна затоа што вработените во клубот штрајкуваа.

Ростов доби спонзорство во тајкунот со цигари, Иван Савиди но нивната иднина и натаму е неизвесна. Титулата во првенството можеби нема да им значи колку што ќе им значи играњето во Лигата на шампионите затоа што ќе заработат неколку десетици милиони евра од УЕФА.

На долги патеки, клубот треба да добие нов стадион, кој се гради за потребите на СП во Русија со 16.000 седишта. Делумно познати имиња во екипата се Кристијан Нобоа кој играше во Динамо Москва и Рубин и Цезар Навас, поранешен фудбалер на Реал Мадрид Б, Малага и Рубин Казан.

На пет кола пред крајот, Ростов во моментов е прв со еден бод предност пред ЦСКА Москва која има 50 бодови. Локомотива Москва, Краснодар и Зенит имаат по 46 бодови.

До крајот Ростов игра против: Мордовија на гости, Локомотив дома, Динамо Москва на гости, Урал дома и Терек на гости.

ЦСКА игра против: Урал на гости, Терек дома, Уфа на гости, Краснодар дома и Рубин на гости во Казан.

Локомотива игра против: Спартак дома дерби, против Ростов на гости, против Кубан дома, Зенит на гости и Мордовија дома.

Зенит игра против: Кубан дома, Анжи на гости, Мордовија гости, Локомотив дома, Динамо на гости.

Еве како треба да изгледа новиот стадион на Ростов: