Шпаркасе Банка со перфектна реализација до победа над ХАЛКБАНК

Во вториот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија до победи стигнаа екипите на Адмирал, Еуролинк и Шпаркасе банка.

Адмирал со победата над ФАКОМ остана во трката за “Фајнал 8“

ФАКОМ 4-5(1-2) Адмирал
ФАКОМ: Бојан Јовановски 5’ Шенол Аџировски 22’ Бојан Симоновиќ 23’ Бобан Китановски 40’
Адмирал: Горан Грковиќ 12’ 38’ Стефан Серафимовски 13’ Александар Лааревски 30’ Ненад Лазаревски 36’
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на ФАКОМ и Адмирал. Прва до водство дојде екипата на ФАКОМ, а Адмирал со одлична игра покажа дека не се откажува лесно од борбата за осмото место кое ја води во “Фајнал 8“ па со два гола успеа да поведе со 2-1 и со таа предност да замине на полувремето. Во второто полувреме екипата на ФАКОМ со одличен старт успеа не само да изедначи туку и да дојде до водство од 3-2, но Aдмирал беше настојчив и успеа да се врати во натпреварот и да остане во борбата за осмото место добивајќи го овој натпревр со 4-5.
 
Еуролинк преку одлично реализиран напад до победа над ОНЕ.ВИП

Еуролинк 10-4(4-1) ОНЕ.ВИП
Еуролинк: Гоце Ставревски 2’ 13’ 34’ 40’ Ивица Стефковски 10’ 25’ 28’ Дарко Кадински 20’ Александар Кузинаков 32’ 35’
Оне.ВИП: Илија Трајкоски 7’ Ерол Дураковски 23’ Мартин Ангеловски 37’ Сашо Србаков 40’
Екипата на Еуролинк во дуелот со ОНЕ.ВИП покажа апсолутна доминација со која уште еднаш потврди дека сплетот на околностите и факторот среќа беа причината зошто не се најдоа во Ф8 фазата. Во текот на целиот натпревар преку одлично реализиран напад успеваа да го контролираат резултатот кој секако беше во нивна полза за да на крајот влезат во мирна завршница во која го добија овој натпревар со 10-4. Мора да напоменеме дека екипата на ОНЕ.ВИП имаше многу отворени шанси за гол кои не успеа да ги реализира. 
 
Шпаркасе Банка со перфектна реализација во второто полувреме до победа над ХАЛКБАНК

ХАЛКБАНК 3-5(1-0) Шпаркасе Банка
ХАЛКБАНК: Мартин Дамески 17’ Дејан Петковски 32’ Игор Стојановски 38’
Шпаркасе Банка: Деко Марков 23’ 27’ 31’ Стојанчо Јосифоски 24’ 39’
Банкарското дерби уште на самиот старт прикажа цврста игра во која и двете екипи играа цврста одбрана преку која тешко се доаѓаше до отворена шнса за гол, екипата на ХАЛКБАНК успеа преку контра напад да дојде до водство од 1-0 со кој резултат се отиде на полувремето. Во второто полувреме уште на самиот старт екипата на Шпаркасе Банка успеа да го израмни резултатот и по само неколку секунди со втор гол да премине во водство. Со ова екипата на Шпаркасе Банка доби ветар во грб и продолжи со одличната игра која екипата на ХАЛКБАНК не можеше да ја прати па го загуби овој натпревар со 3-5.
21 април 2016 - 10:24