Саул бил член на академијата на Реал Мадрид, но таму не успеал да се снајде во големата конкуренција.
„На спортски план сè беше ок, но конкуренцијата беше навистина голема за 11-12 годишно дете. Еднаш на тренинг на едно дете му украдоа копачки, некој ме обвини мене и ме отстранија две недели од тренинг. Подоцна некој му пратил писмо на тренерот дека сакам да играм во мое име, им објаснував дека не е мое пиисмо, но не ги интересираше. Верував во себе и знаев дека заминувањето од Реал не е крај на светот и дека ќе играм некаде на друго место“, раскажува талентираниот играч за врска, Саул.
Наместо во Реал, Саул станал ѕвезда во омразениот ривал на Кралевите, Атлетико Мадрид. Во февруари 2015. година тој постигна прекрасен гол против Реал.
Во меѓувреме на Интернет се појави и видео од тренинг на шпанската репрезентација каде Саул си поигрува со Икер Касиљас.
Најзагреани за него се англиските клубови, но извесно е дека Атлетико не размислува да го продаде 21-годишниот шпански репрезентативец за помалку од 30 милиони евра.
Самиот играч изјави дека сака да остане во мадридскиот клуб.
„Би сакал засекогаш да останам во Атлетико. Тој клуб ми даде сè. Тоа е мојот дом. Мислам дека би прифатил и доживотен договор. Сакам да вратам за довербата која што клубот ја имаше во мене“, констатира Саул.