Меѓу главните проблеми на Украина е воспоставувањето на државна граница со Русија, граница која никогаш претходно во историјата не постоела во оваа форма.
Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.
По примерот на Манчестер Јунајтед, и Милан докажува дека кога еден гигант ќе го допре дното, многу е тешко да се врати на старите патеки на успехот. Со години росонерите не можат да се опорават, а нов шамар синоќа им залепи Фиорентина предводена од ветеранот Рибери.
Наместо Путин, главен „зликовец“ во руската верзија станал Трамп. Плус без знаење на авторот се променети и некои битни термини. Сепак тој деновиве е под остра критика на јавноста што се согласил на каква и да е адаптација под притисок на руските цензори.
Во свет каде со фудбалските клубови владеат азиски инвестициски фондови, играчите менуваат клубови како чорапи и нема никаква романтика, приказната за Монца е убава бајка која не знаеме дали ќе има среќен крај.
Политиката никако не престанува да се меша во спортот. Последен ваков случај доаѓа од Украина каде долгогодишен репрезентативец бил избркан од националниот тим поради тоа што игра во руски клуб.
Човекот кој ги организира вечерите на Путин со лидери како Џорџ Буш помладиот, на своето резиме има и раководење со некои од најексклузивните ресторани во Русија, како и раководење со Агенцијата за истражување на интернет, исто така позната и како „фабрика за тролови“ која се вмеша во американските избори во 2016.
Човекот кој пред 4 години ја предвиде руската интервенција во Украина, сега вели дека следни се балтичките земји и дека тоа ќе биде најголемиот предизвик на новиот американски претседател. Само, да не очекува дека тоа ќе биде класична воена интервенција на Русите.
Многу пати нè лажеа, ни носеа одлуки зад грб, нè ставаа пред свршен чин, ова се случуваше со проширувањето на НАТО на исток, и со поставувањето на воена инфраструктура на нашите граници, порача Путин во 2014, на говорот по руското анектирање на Крим од Украина. За генералите на НАТО во Белгија, ова е моментот кога сфаќаат дека почнува Студената војна 2.0.
"Ќе ја купиме Бугарија, и онака половината од крајбрежјето веќе го купивме," е возвратната благодарност на идниот руски пратеник Петр Толстој на пораката од бугарските новинари да има "благонаклона политика кон Бугарија."
Кошаркарите на Босна и Херцеговина ги загубија шансите да се пласираат на Евробаскетот откако синоќа во Тузла вторпат загубија од Русија (78:67), но полошо од тоа делуваа сцените пред крајот на мечот кога капитенот Мирза Телетовиќ вербално го нападна младиот Муса.
Доколку Шведска влезе во НАТО, Алијансата би можела направи тајна залиха на нуклеарно оружје на територијата на Шведска, а самите НАТО војници имуни на локалните закони би можеле да силуваат Швеѓанки без опасност од кривично гонење. Ова се дел од информациите кои неочекувано ја пресретнаа и преземаа дебатата околу шведското зачленување во НАТО.
За десетте најталентирани играчи кои ќе патуваат на ЕП во Франција, широката фудбалска јавност знае малку. Тие сега имаат прилика, за еден месец надалеку да се слушне за нив.
Во една сезона едвај ја фаќаш сламката за спасот и изгледа дека сè се распаѓа, а следната сезона со крајно скромен буџет водиш борба за титулата. Не е само Лестер во сценариото за најубавиот фудбалски филм сезонава.
Студен како киевска зима пред голманите, Шева ги освои срцата на милиони и милиони миланисти. Од едно селце со 390 жители стигна до врвот на Европа и Златната топка за најдобар стрелец на континентот.
Беспрекорната кохезија на членките на НАТО беше еден од факторите што помогна да се сруши една од најзастрашувачките воени машини на сите времиња, Советскиот сојуз. Сепак растечките корозивни капацитети на сириската криза не треба да бидат потценети, објавува Лес Еко во својот едиторијал.
Светското првенство во САД веројатно ве потсеќа на асови како Ромарио и Роберто Баџо, но дали ќе се сетитe на напаѓачот кој постигна рекордни 5 гола на еден натпревар?
На 3-ти јануари од Москва доаѓа информацијата за ненадејната смрт на Игор Сергун. Информација комплетно неважна кога Сергун не бил 58-годишен, инаку генерал-полковник во руската армија, неколку години распореден на работната позиција - прв човек на военото разузнавање на руската армија или ГРУ.
Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.