Извештаите за неговата смрт се трудат инстантно да ја затворат секоја можност за идни шпекулации и наведуваат дека - тој умира од неодредени причини, меѓутоа нема никакви индикации дека смртта е од што било друго освен од природни причини.
Сергун во 2011-та е назначен за прв човек на ГРУ, ова е истиот момент од кој почнува преобразбата на руското воено разузнавање од комплетен башибозук (катастрофално дезорганизирана инвазија на Грузија), во носечка сила која го предводеше и спроведе анектирањето на Крим од Украина.
Како казна за неуспехот во Грузија, во периодот од 2009-та до 2011-та на ред доаѓа обидот за реорганизација на ГРУ. При ова отпуштени се 1.000 офицери на военото разузнавање, а 80 од 100-те офицери на ниво на генерали се префрлени во други институции или заминуваат во пензија, а се распуштаат и сите Спецназ бригади или се преместуваат под други сектори на војската, и "драматично" се намалува на присуството на ГРУ во руските амбасади.
Кога Сергун станува директор на военото разузнавање, тој прво наредува повторно оформување на Спецназ, за во 2014-та, под плаштот на дополнителното обезбедување на Олимпијадата во Сочи, да побара и нивно проширување. Кратко по ова, токму Спецназ стануваат главниот инструмент во "најхрабриот руски геополитички потег на оваа генерација," анектирањето на Крим и помагањето на про-руските сепаратисти на истокот од Украина.
На ниво на шпекулација е информацијата дека еден од главните кандидати за позицијата на Сергун е неговиот заменик "неодамна унапредениот Генерал-потполковник Алексеи Дјумин, поранешниот раководител на службата за обезбедување на рускиот претседател, и близок до Путин не само заради неговата функција туку и како сосед до неговата дача и член на неговиот хокеарски тим." Клучните две забелешки околу Дјумин е што неговото назначување би било само дополнително консолидирање на моќта на Путин, и тоа што Дјумин за разлика од Сергун нема минато цела кариера во воено разузнавање, "туку во основа е обезбедување."
- Претходно за ГРУ имаме пишувано тука: Оружјето што Путин заборави дека го има