Најдобрата сезона на Вардар на европска сцена полека доаѓа до самиот крај. Одисејата низ континентот завршува во Скопје, во четврток против Розенборг а Комити имаат посебна желба.
Со пласманот во Лига Европа, Вардар оствари историски успех и собра големо искуство на меѓународната сцена. Паралелно со нив историја испишаа и нивните најверни поддржувачи кои се клацкаа најдолго од сите во конкуренција на навивачи на 48 клубови учесници.
Во фудбалот не е секогаш доволно за победа само да си фаворит (читај Арсенал - Ѕвезда 0:0) или да имаш вкупно 30 удари од кои 9 во рамки на гол (Борусија - АПОЕЛ 1:1). Понекогаш само среќа е бе дечки, исто како на спортска.
Секако дека би било убаво да се прослават првите историски бодови во едно УЕФА натпреварување, но фудбалерите на македонскиот шампион не треба да имаат резултатски императив и треба да играат за душа и за публика.
На меѓународната сцена против Зенит дебитираа доста организирано, моќно и без да ги штедат гласните жици, па дури и останаа да грмат на Градски речиси до полноќ. Мечот со Реал Сосиедад им е нов голем предизвик на кој ќе се обидат да експлодираат уште на кортеото кое е најавено за два и пол часа порано.
Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.
Комплетното раководство на ФК Вардар отвори душа за сите тековни работи во и околу клубот. Тотално се разочарани од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое им побарало 40.000 евра за еден меч на „Филип Втори“.
Љубителите на фудбалот во земјава ќе можат во живо да ја следат фудбалската есен на Вардар со блок карти по мошне популарни цени. Има и поединечни влезници за секој меч посебно.
Откако управата на Вардар реши да ја даде Јужната и Источната трибина за гостинската публика на мечот со Фенербахче, организираната група навивачи на Вардар „Комити“ го кренаа гласот.
Штом Сан Сиро крцаше во 3-то квалификациско коло за ЛЕ, тогаш Шкендија дека биде спремна, бидејќи домаќинот ќе има поддршка од сигурно најмалку 70.000 навивачи.
Дефинитивно, или го обожувате или не го поднесувате. Без оглед на сè, Мурињо синоќа дури 12-ти пат во кариерата победи во едно финале и стана првиот во историјата што два пати освоил и Лига на шампиони и Лига Европа.
„За нас сезоната во Премиер е завршена, нема што да бараме“, заклучи Жозе и тргна голем товар од грбот на своите фудбалери кои сега мора да ја освојат Лига Европа за да се пласираат директно во Лига на шампиони. Ако сакаат да им дојде Гризман, секако.
Едно време за оние помалку упатените постоеше заврзлама со прашањето дали е правилно Ирак или Иран. На фудбалската мапа постојат клубови со потполно или приближно исто име кои те тераат повеќе да размислиш кога ќе се сретнат меѓу себе.
На 28 март 1993 година на само 16 години, 6 месеци и 1 ден Франческо Тоти првпат истрча на Олимпико во дресот на Рома која вечерва против Лион ќе игра да му го продолжи патот на ветеранот низ Европа.
Олимпијакос, АПОЕЛ, Ајакс, Бешикташ, Рома и Андерлехт се изборија за топ 16 фазата во Лига Европа. Зенит имаше 3:0 за осминафинале, но одбраната им попушти во финишот, а изненадување направи и Апоел откако ја анулираше предноста на Атлетик Билбао.
Фудбалерите на Манчестер, Рома, Шалке и Лион со една нога веќе се во осмина-финалето на Лига Европа откако вечерва убедливо ги совладаа своите ривали. Тотенхем поразен во Белгија, Ајакс ремизираше со Легија во Варшава.
Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
И со нов тренер продолжуваат очајните резултати на Интер кој по 0:2 во Израел дозволи целосен пресврт да му направи Хапоел Бер Шева со гол во 93-та минута. Во судиското продолжение златни три бода освои и Паок во Фиренца, а со ЛЕ се збогуваше и Ница. Шалке и Шахтјор се најубедливи со 5 од 5.
Ни отказот на Франк Де Бур не ги размрда Нераѕурите кои вечерва го претрпеа петтиот пораз на последните осум средби. Виљареал неочекувано потклекна дома и загуби од турскиот Османлиспор, а Грците не знаат за победа.
Буџетот на рускиот Зенит е 165 милиони, а на ирскиот Дандалк 1 милион, но тоа не му сметаше на анонимниот клуб од Ирска да се пласира во Лигата на Европа, да му пркоси на Зенит и таму веќе после три кола да освои четири бода со домашни играчи.