Првиот Македонец во НБА лигата продолжува да пишува нови поглавја во историјата на нашата кошарка. Перо Антиќ е избран во идеалниот тим на ѕвездите во подем кои ќе настапат на Ол стар викендот.
Обично не пишуваме за вакви луѓе кои се занимаваат со екстремни спортови, но 23 годишната Аша некако фино ќе си легне во друштво на нашите офсајд ликови кои се издвојуваат по својата уникатност.
Ривалството помеѓу навивачките групи на екипи од ист град секогаш дека е огромно и ризично кога на програмата се игра градско дерби, но овој пат тоа донесе обединување, односно заеднички бојкот за еден од следните мечеви во Серија А.
Статусот ѕвезда не значи дека на секој НБА кошаркар му носи и голем профит надвор од теренот. Коби Брајант и Леброн Џејмс се магнети за снимање реклами, а Дирк Новицки изгледа дека никој не го вика за такво нешто. Ова се најплатените кошаркари за оваа сезона.
Уште една блескава партија на Перо Антиќ во НБА лигата, овој пат со прв дабл-дабл учинок во победата над „Магичните“ за која практично беше најзаслужен во финишот на мечот со четири поени во низа.
Нашиот единствен претставник во најсилната кошаркарска лига во светот постигна 17 поени против актуелниот шампион во НБА лигата кој синоќа беше поразен од Хокси со 121:114.
Македонската ракометна репрезентација на најлош начин ги започна натпреварите од второт круг на еврошампионатот во Данска. Со слаба игра во сите сегменти од играта нашите ракометари сосема заслужено беа поразени од Унгарија со 31:25.
Со голот на Кире Лазаров во последната минута и со неприкосновениот Борко Ристовски кој блесна со 19 одбрани, македонската ракометна репрезентација стигна до првиот триумф (22:21) на Европското првенство во Данска кој ни носи понатамошен пласман.
Македонската ракометна селекција имаше последен напад за победа, но со многу проблеми во играта во која се издвои единствено Кире Лазаров, го заврши вториот меч од Европското ракометно првенство против Чешка кој заврши 24:24.
Премиер лигата не е место за фризури и паради, таму се игра брз и агресивен фудбал со збиен календар во кој нема одмор ниту за празници. Во првиот дел од сезоната тројца напаѓачи од италијанското првенство целосно потфрлија, а за нив отидоа јабана над 70 милиони евра.
Ракометната селекција на Македонија беше немоќна против домаќинот и актуелен освојувач на Европското ракометно првенство кој водеше во текот на целиот меч и на крајот стигна до триумф од 29:21.
Приказната за ангажирањето на новиот тренер на Манчестер Јунајтед Мојс сам си ја раскажа, а таа се случило кога Фергусон го викнал на гости и го пречекал со зборовите „јас си заминувам, а ти ќе ме замениш". За сега излегува дека стариот лисец одбрал погрешен гостин.
Jасно e дека се работи за великаните Диего Армандо Марадона и Лео Меси. Медиумите и критичарите често пати знаат да се оптоваруваат околу тоа кој е подобар, но ние ќе ви пренесеме еден историски факт кој ги поврзува овие две ѕвезди.
Англичаните добро знаат да претераат со цените за влезниците на фудбалските натпревари, но Германците најдобро знаат како да ги заштитат своите навивачи, па така Баерн Минхен ќе им плати дел од влезниците на навивачите кои ќе одат на гостувањето кај Арсенал.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја прекинаа црната серија од три порази во низа и тоа со победа против моментално најдобриот тим во лигата, Индијана Пејсерс. Антиќ го повтори својот рекорден скор во НБА.
Кошаркарите на Атланта Хокс немаа време за одмор и втора ноќ по ред одиграа уште еден натпревар и забележаа нов пораз. Овој пат Атланта загуби на гостувањето кај Чикаго Булс.
Божиќ и Нова година традиционално носат збиен календар со фудбалски натпревари на островот, а на тоа очигледно најмногу се радуваат гледачите кои за време на големите празници се уште поверни навивачи.
Денес седум-кратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер полни 45 години. Во моментов најуспешниот возач во историјата на спортот е во кома и се бори за својот живот.