Македонија според рангот на ФИФА и натаму останува со 425 бода, но со една позиција подолу во однос на минатиот месец. Нашиот национален тим се наоѓа во друштво на Јамајка, Белорусија, Конго, Габон и Уганда.
На врвот нема промени. Лидер и натаму е Шпанија, а во топ 10 се уште и Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил.
Во конкуренција на репрезентациите од Балканот сите се пред нас. Грција се наоѓа на 12 позиција, Хрватска е 16, Босна и Херцеговина 19, Словенија 29, Србија 30, Црна Гора 52, Албанија 56 и Бугарија 74.
Светската куќа на фудбалот следното рангирање ќе го објави на 13 февруари.