Субвенции за навивачите на Баерн Минхен против Арсенал

Англичаните добро знаат да претераат со цените за влезниците на фудбалските натпревари, но Германците најдобро знаат како да ги заштитат своите навивачи, па така Баерн Минхен ќе им плати дел од влезниците на навивачите кои ќе одат на гостувањето кај Арсенал.

Баерн Минхен ќе се сретне со Арсенал во осмина финалето на Лигата на шампиони, а првиот дуел ќе се одигра во Лондон на 19-ти февруари. До овој натпревар има уште повеќе од еден месец, а Баерн Минхен веќе прими 18.000 барања од навивачи за 2.974 влезници колку што им следуваат.

Интересот за гостувањето во Лондон е огромен и покрај тоа што Англичаните повторно претераа со цените. Една влезница за гостинскиот сектор чини 62 фунти, односно 75 евра.

Но Германците знаат како да ги заштитат своите навивачи, па челниците на Баерн Минхен решија да ги субвенционираат оние кои ќе патуваат во Лондон. Баерн Минхен ќе плати по 30 евра за секоја влезница, односно наместо 75, влезниците за гостувањето кај Арсенал на своите навивачи ќе им ги продава по 45 евра.

Ова е мал знак за благодарност за одличната поддршка во 2013-та година", стои во соопштението на клубот.

9 јануари 2014 - 10:53