Најновата прес конференција, Вардарци ја почнаа во 5 до 12, како симболика на времето во кое веќе подолго време се наоѓа клубот. Во преговори се со инвеститор од странство. Главните институции и натаму глуви.
Навивачите на Шкупи и Левски синоќа имаа бурна ноќ со инциденти во Чаир и на стадион и биланс од 21 уапсен и еден прободен. Некаде, некако во близина биле и навивачите на Вардар кои скришно им дрпнале навивачки реквизити на гостинските навивачи.
По стартот на акцијата за продажба на сезонски карти, Комити заедно со тројца фудбалери на Вардар одржаа прес конференција за да ја запознаат јавноста со состојбата на клубот и плановите за иднина.
Навивачката група Комити како нови газди на ФК Вардар кои целосно го преземаа клубот, ја стартуваат првата акција пред стартот на сезона. Нудат сезонски билети од 1.000 денари за сите домашни натпревари. Парите ќе одат во касата за функционирање на клубот.
ФК Вардар ги запали моторите и почна да се спрема за кам бекот во прволигашката конкуренција. Се вратија на Градски, нивниот дом со децении и уште на првиот тренинг добија голема поддршка од Комити.
По макотрпната работа околу помош и логистика, како и безрезервна поддршка на секој меч, Комити со силно темпо продолжија да се борат за Вардар и по остварувањето на целта, а тоа е кам бекот во Првата македонска лига.
Битка меѓу две скопски екипи од ваква важност да се игра во Кавадарци е апсурд по сите параметри. И коментаторите констатираа дека инфраструктурните капацитети на стадионот не задоволуваат за еден ваков натпревар. Причината е едноставна, знамето смета, не може да се гледа убаво на тв. Кај оди ултраси и камери на иста трибина?
Тетекс, Пелистер и Кожуф се последните три пресметки за Вардарци во беспоштедната, долгата и херојска битка која ја бијат за кам бек во прва лига. Комити ги одржуваат играчите финансиски во живот, а за саботниот меч против тетовчани организираат и акција.
Воска кој е лидер на табелата во втората македонска лига, одлучи да не прима гостински навивачи за мечот против второпласираниот Вардар, кој е многу важен во битката за промоција во прва лига. Се игра во недела со почеток од 16 часот. Играчите и навивачите заедно се мобилизираат и се надеваат дека охриѓани ќе ја сменат одлуката.
Избраничките на Индира Кастратовиќ го загубија последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите од Турингер, но тоа не им го загрози местото во следната рунда каде повторно ќе се игра во групи.
Ракометарките на Вардар на полувремето имаа 2 гола негатива, но на крајот имаа шут за победа против Будуќност од Подгорица. Конечните 24:24 во сенка на повредата на Андреа Лекиќ во 9' минута.
Ракометарките на Вардар во недела го играат регионалното дерби од ЛШ против Будуќност, екипа која убедливо ги победи во Подгорица. Кастратовиќ не се плаши од гостинските навивачи кои ќе ги бодрат Црногорките во „Јане Сандански“.
Убедлив триумф на Вардарки против Подравка 35:25, во натпревар во кој шанса добија и девојките од младинската школа на клубот. Јованка Радичевиќ најефикасна со 5 гола, Суслина имаше 13 одбрани.
Ракометарките на Вардар во недела го играат четвртиот натпревар од ЛШ против Подравка, а тренерот Индира Кастратовиќ и левото крило Маја Зебиќ се сложија дека тимот не игра на потребното ниво.
Ракометарките на ЖРК Вардар стигнаа до втора победа во низа и со овој триумф на гостински терен против Подравка со една нога се наоѓаат во втората фаза од ракометната Лига на шампиони.
Првиот натпревар за македонскиот ракометен шампион во „Јане Сандански“ најмногу ќе го памети голманката од Русија кој со неповторливи 28 одбрани беше најзаслужна за првата победа на нашиот женски претставник во Лигата на шампионите.
По воведниот пораз во Подгорица, ракометарките на Вардар за прв пат ќе играат во новата сала „Јане Сандански“, каде во сабота гостува екипата на Турингер, која во првото коло ја совлада Подравка.
Македонскиот женски ракометен шампион не успеа да извлече позитивен резултат во првото коло од женската ракометна лига на шампиони. Европскиот вицешампион заслужено славеше со 23:17.
Најдобрата ракометарка во светот живее во Тафталиџе, ужива во чаша црвено вино и сè уште е под импресии што ракометот е национален спорт број 1 во Македонија. За нејзината колешка вели дека е партибрејкер која прва си легнува во кревет во 10-та минута од филмот.
На денешната ждрепка во Виена, македонските претставници ги добија противниците за новата сезона во ракометната Лига на шампиони. И двете екипи добија по една екипа која изминатава сезона се пласираше во фајнлфор.