Ракометарите на Металург повторно ќе имаат дуел со германскиот гигант Кил со кој не успеаа да се справат во четвртфиналниот двобој изминатата сезона, а втората голема опасност ќе им биде тимот на ПСЖ кој им беше еден од противниците во групната фаза.
Ракометарите на Вардар се дел од Ц групата каде најмногу проблеми ќе имаат со силниот Веспрем, како и германскиот вицешампион Рајн-Некар.
Група А: Кил, Металург, Загреб, Ла Риоха, ПСЖ, квалификант 1
Група Б: Барселона, Колдинг, Алингсас, Висла, Фленсбург, квалификант 3
Група Ц: Веспрем, Целје, Чеховски Медведи, Рајн-Некар, Вардар, Монпелје.
Група Д: Кјелце, Данкерк, Кадетен Шафхаузен, Пик Сегед, Алборг, квалификант 2
Во женска конкуренција избраничките на Индира Кастратовиќ, втората авантура во Лигата на шампионките ќе ја почнат со екипите на Будуќност, Турингер, како и со победникот од втората квалификациска група.
Група А: Крим, Динамо Волгоград, Хипо, квалификант 1.
Група Б: Будуќност, Турингер, ЖРК Вардар СЦБТ, квалификант 2.
Група Ц: Ѓер, Виборг, Локомотива, Савехоф.
Група Д: Ларвик, Баја Маре, Мец, Љублин.