Ги пратив писмава и до ЖРК Вардар, но не знам дали тие ќе ги добијат, а би сакал да ги споделам некаде, некако, да ги поддржам и бодрам за последен пат и тоа да остане и моја утеха за разделба..
„Ајде бре луѓе не умре никој у пичку матер“ извика еден од малкуте навивачи кои го пречекаа ЖРК Вардар пред салата Јане Сандаски. Тажно, ама вистинито, ќе се разделат и меѓу нив и со скопската публика без трофејот за кој се бореа “машки“ две години по ред во финале. Штета. Со среќа понатаму девојки.
Поранешниот голман на ФК Вардар, Матија Кобетиќ кој сега е член на Ренова остана без нерви по вчерашното финале во ракометната Лига на шампиони. Што е проблемот? Сопруга му е Андреа Пенезиќ од ЖРК Вардар кој исто како лани загуби со еден гол разлика од Ѓер.
ЖРК Вардар вечерва беше најблиску до остварување на европскиот сон откако Андреа Лекиќ во стилот на Тимур Дибиров ја матираше голманската на Ѓер во последната минута од регуларните 60. Но Аморим не уништи и возврати со гол за продолженија.
Тешки мигови за Вардарки. Ракометарките на Ѓер го одбранија европскиот трофеј во драматично финале кое се решаваше во продолженија два пати по 5 минути. Андреа Чанаџија промаши зицер во последна секунда за пенали. Штета.
Во доста неефикасен натпревар (посебно во првиот дел), преполн со грешки и на двете страни, Вардарки успеаа на крај да излезат како победник во второто полуфинале на Ф4 во Будимпешта. Ќе гледаме реприза на ланското финале.
Арената „Ласло Пап“ во Будимпешта годинава е одново домаќин на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони за жени. Што па тука вакво скандалозно знаме?
ЖРК Вардар го одигра последниот меч во овој топ состав пред своја публика и од четвртфинале се сели на Ф4 во Будимпешта по петти пат во низа. Ракометарките кои функционираа како семејство имаа емотивно збогум со навивачите во Јане Сандански кои уживаа во нивните настапи. Убаво беше додека траеше.
На последниот меч во актуелниот состав од кој многу ракометарки ќе го напуштат клубот, Вардар убедливо го победи Мидтјиланд со 32-25 (17-12) и фатија залет за борбите за европски трон.
И покрај големата разлика во класи, ракометарките на Вардар се изнамачија да го добијат првиот четвртфинален дуел од Лига на шампиони со пресврт на десетина минути до крајот.
Без многу потешкотии, опоравени од поразот во Мец, ракометарките на Вардар запишаа нов триумф во главната фаза на Лигата на шампионите и со 16 освоени бода го осигураа првото место во групата за полесен ривал во следната фаза.
По извонредната серија од девет натпревари, ЖРК Вардар се соочува со првиот пораз сезонава во елитното натпреварување. Ништо страшно. Избраничниките на Дибирова остануваа први на табела.
Две ракометарки на Вардар влегуваат во листата на топ 5 најплатени ракометарки во светот. Конечно дознавме нешто за темата која кај нас се чува како државна тајна.
Дуелот меѓу Вардар и Будуќност во претходните сезони важеше за мега дерби, но веќе извесно време девојките во црвено-црно лесно го победуваат црногорскиот шампион.
По неодамнешните најави на некои медиуми, стигна и официјална потврда од клубот. Најдобрите ракометарки на Вардар ја играат последната сезона во Јане Сандански. Тимот ќе го менува ликот.
ЖРК Вардар му одржа час по ракомет на германскиот првак Битигхајм и го потопи со 12 голови разлика. ЕХФ издвои еден атрактивен момент од оваа средба и го смести во топ 5 голови на сезоната. Тоа е цепелинот во изведба на Пенезиќ - Лакрабер.
Ракометарките на Вардар продолжуваат да газат во Лигата на шампионите и со денешниот убедлив триумф на гостувањето во Германија стигнаа до 6 од 6. Ниту една друга екипа нема таков скор.
Сања Таневска е дипломиран професор по македонски и шпански јазик, професија која што ја доведе да седне на маса и да му предава на професорот по ракомет, „Ел Команданте“ Раул Гонзалес. Ни раскажа каков е тој одблизу.
Импресиите од машкото Европско полека слегнуваат, па затоа тука се ракометарките на Вардар да нè потсетат на нивниот поход кон круната европски шампион.
Избраничките на Индира Кастратовиќ го загубија последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите од Турингер, но тоа не им го загрози местото во следната рунда каде повторно ќе се игра во групи.
Ракометарките на Вардар на полувремето имаа 2 гола негатива, но на крајот имаа шут за победа против Будуќност од Подгорица. Конечните 24:24 во сенка на повредата на Андреа Лекиќ во 9' минута.
Ракометарките на Вардар во недела го играат регионалното дерби од ЛШ против Будуќност, екипа која убедливо ги победи во Подгорица. Кастратовиќ не се плаши од гостинските навивачи кои ќе ги бодрат Црногорките во „Јане Сандански“.
Убедлив триумф на Вардарки против Подравка 35:25, во натпревар во кој шанса добија и девојките од младинската школа на клубот. Јованка Радичевиќ најефикасна со 5 гола, Суслина имаше 13 одбрани.
Ракометарките на Вардар во недела го играат четвртиот натпревар од ЛШ против Подравка, а тренерот Индира Кастратовиќ и левото крило Маја Зебиќ се сложија дека тимот не игра на потребното ниво.