ЖРК Вардар славеше на гостувањето во Данска со минимална предност 23:24 и со тоа се доближија на петтиот Ф4 во низа кој треба да го потврдат на 14 април за кога е закажан реваншот со Митјиланд во Јане Сандански.
Вардарки не беа на ниво на задачата особено во одбраната и со исклучок на двете водства на стартот на средбата, скоро 50 минуту беа во негатива. Митјиланд во првиот дел во два наврати се избори за +4, а на полувреме водеше со 16:13.
Работите драстично се променија резултатски откако избраничките на Дибирова ја стегнаа одбраната и направија серија од 6:0 во периодот од 41-ва до 56-та минута. Тогаш се случи клучниот пресврт за победа.
Дури 17 минути домаќинките не успеаа да го совладаат голот на македонскиот првак.
Стрелец број 1 на мечот беше Драгана Цвијиќ со 8 голови, Лекиќ постигна 6, а Радичевиќ 4.
Реваншот во Скопје на 14-та април стартува во 17:00 часот.