ЖРК Вардар не знае за доста, го понижи Битигхајм со +12

Ракометарките на Вардар продолжуваат да газат во Лигата на шампионите и со денешниот убедлив триумф на гостувањето во Германија стигнаа до 6 од 6. Ниту една друга екипа нема таков скор.

Информацијата во медиумите од која се шокираше јавноста дека Вардарки треба да си бараат нови клубови, очигледно не влијаеше кај избраничните на Ирина Дибирова.

ЖРК Вардар отпатува на гости кај германскиот првак и го декласираше со конечни 26:38.

Германките се класа послаб противник од македонскиот првак и нивната единствена предност беше на средина од првиот дел кога водеа со максимални 8:6. Но потоа Вардарки направија фантастична серија од 9:2 за предност од 10:15.

Битигхајм притисна во финишот од првото полувреме и намали на -2 за 14:16 на пауза, но во второ полувреме на паркетот имаше само еден тим. ЖРК Вардар со половина сили го сомле Битигхајм, а во еден момент имаше максимални +13.

Пенезиќ беше најпрецизна ракометарка со 8 гола, Цвијиќ постигна 7, а Лекиќ 6. Лејно го заврши мечот со 12 одбрани.

На 10 февруари Вардарки го пречекуваат Будуќност.

 

4 февруари 2018 - 18:25