ЖРК Вардар се избори за второ финале по ред на фајнлфорот во Будимпешта откако го совлада Ростов со 25:19. Клучен човек на мечот дефинитивно е Амандин Лејно која блесна со 17 одбрани.
Натпреварот го одбележаа многу грешки и прекини и на двете страни, особено кај Русинките, но и Вардарки не беа на своето препознатливо ниво.
До 17 минута од мечот Ростов постигна само 2 бедни гола и Вардар во тој момент имаше водство од 6:2, а тоа се должеше пред се на фантастичната Лејно која само во првите 14 минути имаше 7 интервенции.
Скроз неорганизирата игра на Ростов, Вардарки можеа да ја казнат многу повеќе, но и тие грешеа и не делуваа многу концентрирано па на пауза имаа +3 (10:7).
ЖРК Вардар докажа дека е поквалитетен противник и ниту еднаш не го испушти водството ниту во вториот дел. Варираше од 3 до максимални 6 гола разлика и само во еден момент беше -2 во 47-ма минута.
Најефикасни ракометарките на мечот беа Лекиќ и Пенезиќ со по 7 погодоци, Радичевиќ постигна четири, а Лазовиќ три.
Финалето против Ѓер од кој Вардарки лани загубија со еден гол разлика се игра утре во 18:00 часот.
Ова е последна шанса за овој силен состав на Црвено-црните да стигнат до европската титула во својот петти фајнлфор во низа.