Недоволно е со зборови да ви се каже благодарам. Нема зборови кои ќе ја "задушат" тагата, не тагата за титулата, туку тагата за вас, тагата што мора да се разделиме.
Ви се обраќам лично, но верувам дека и многу други го чувствуваат истото, па ако може да ви биде и барем малку утеха, знајте дека не посакувавме да го освоите трофејот поради нас - навивачите, туку за вас - да ви биде спомен за сите моменти кои ги поминавме заедно, за сиот труд, за сета борбеност, за сета жртва која ја дадовте, за сите квалитети и емоции кои ве красат...да ви биде признание ВАМ, дека сте НАЈГОЛЕМИ, НАЈДОБРИ, НАЈШАМПИОНИ, затоа што за нас одамна веќе сте!
Не тагувајте за златото...не е злато сè што сјае, но ВИЕ СТЕ!
ВИЕ СТЕ И СЈАЈНИ И ЗЛАТНИ! Златни девојки и великанки какви што само можевме да посакаме.
Не тагувајте за трофејот, знам дека ние не тагуваме...ние тагуваме за вас, тагуваме за разделбата. Трофејот ќе беше само утешна награда за ‘крајот’...да, го посакувавме сите, за, ако веќе мора да биде "the end", да биде барем "happy end". Но вака требало да биде. Ама ако, нека биде...на мака се познаваат јунаците! А вие покажавте какви јунаци сте и затоа главите горе и продолжете гордо и понатаму во животот и кариерата, а ние ќе се сеќаваме на убавите моменти кои ни ги приредивте и ќе жалиме што ве "испуштивме".
Благодарам за трудот и истрајноста, благодарам за сé што направивте за нас во сите овие изминати години, благодарам за сите моменти, сите радости и воодушевувања кои ни ги пруживте. Благодарам што, во годините што минаа, НИ ПОДАРИВТЕ НЕШТО ПОГОЛЕМО ОД ТРОФЕЈ...НИ ПОДАРИВТЕ ПРИЛИКА ДА СОНУВАМЕ!
А во сонот победите беа 'слатки', поразите беа (по)лесни - ќе речевме "здравје, следната утакмица - подобро...следната година -појако..." и со нетрпение ќе го чекавме секој следен натпревар и ќе се радувавме на секојa следна победа, секоја следна сезона. Тој сон беше убав, беше убав додека траеше...Знам декаќе остане ‘пуста’ желба, знам дека бесцелно ќе речам, но морам и сакам да се осмелам да посакам и да ви кажам - ОСТАНЕТЕ! НЕ НИ Е ДОСТА ОД ВАС...МЕНЕ НЕ МИ Е ДОСТА ОД ВАС!
Но тука се будиме, тука се разделуваме...сè што можеме да направиме е да се сеќаваме на убавите нешта и да се гордееме со вас, а вас да ви посакаме се најдобро каде и да продолжите, што и да правите...
Душа немам да кажам збогум, па ќе речам само довидување и бескрајно благодарам!
ЗА НАШИОТ ЈУНАК, ЗА НАШАТА ЧОВИЌ
Главата горе девојко!
Ведро и со насмевка како и до сега!
Никогаш, ни за момент, да не помислиш дека нешто погреши...ни ти, ни останатите девојки...сите заедно сте (сме) и во победа и во пораз...Не сте совршени, но затоа сте ХРАБРИ, затоа сте БОРЦИ, затоа сте ЈУНАЦИ и затоа ве сакаме...
Ти си фантастична ракометарка, одличен соиграч и верувам уште подобра и појака личност и никогаш да не се сомневаш во тоа.
Можеби последниот удар беше наменет за тебе, но верувај ми, на таа топка не беше испишано твоето име, таа топка беше ветена на друга...Затоа ни за момент да не помислиш дека ти ја испушти шансата и не дозволувај тоа да те "собори", да те потклекне...Пргава девојка си ти и сигурен сум дека од ова ќе израснеш уште поцврста.
Ти блескаш и ти си фантастична во деликатни ситуации, а ако исходот на тој последен удар беше поинаков, тоа ќе беше прелесен погодок за тебе и тоа не ќе беше Андреа која ја знаеме и која ја сакаме. Судбината сакаше најголемиот товар да го понесеш ти, а тоа не е случајно - само големи и јаки личности се предодредени за таква работа и затоа исправи се гордо и продолжи понатаму самоуверено и со насмевка на лицето каква што ти прилега!
Тоа беше само еден натпревар, само еден удар, само еден пораз, а тоа не е ништо во споредба со сите победи и сите радости кои досега ни ги приреди ти и останатите девојки,заедно. Тоа не ништо во споредба со сите победи кои понатаму нема да ни ги подарите и јас лично не ќе сакав да завршеше поинаку, ако тоа значеше дека можеме да ве 'задржиме'.
Но не, ве губиме секако, ве изгубивме од претходно, но нé држеше надежта дека ќе видиме и официјално да ве крунисаат во НЕПРИКОСНОВЕНИ КРАЛИЦИ НА РАКОМЕТОТ, да го знае тоа и остатокот од ракометниот свет, а не само ние - вашите подржувачи и затоа искрено жалам што работите не се завршија поинаку, што не сте златни славенички, затоа што ги заслужувате сите признанија и почести, ја заслужувате секоја титула, а титулата на ШАМПИОНИ кај нас ви е одамна резервирана.
Само напред и без каење, продолжи храбро и достоинствено!
АНДРЕА ЧОВИЌ, АНДРЕА ЧОВИЌ, АНДРЕА ЧОВИЌ !
Искрено,
Максим Трајковски