Што бара знаме на УЧК на фајнлфор во Будимпешта?

Арената „Ласло Пап“ во Будимпешта годинава е одново домаќин на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони за жени. Што па тука вакво скандалозно знаме?

Актуелниот првак Ѓер е првиот финалист на фајнлфорот во Будимпешта откако го совлада ЦСМ Букурешт со 26:20. Во финале ќе го чека подобриот од дуелот меѓу ЖРК Вардар и Ростов.

Во оваа завршна ракометна претстава која ќе кулминира на утрешниот финален натпревар, на трибините на арената „Ласло Пап“ се појави знаме на УЧК.

Како и зошто се нашло ова контроверзно знаме на спортски натпревар каде е забрането да се истакнуваат натписи со политичка содржина и што правело обезбедувањето на врата? 

ЕХФ дали се слушаме?

Фотографијата е преземана од 24rakomet.mk.

12 мај 2018 - 18:08