На 31 октомври 2023, Британската библиотека беше жртва на голем сајбер-напад. Таа денес е физички отворена, но нејзината дигитална инфраструктура е целосно „замрзната“. Ова поттикнува дискусии за тоа што претставува денес институцијата „библиотека“, и дали се тоа навистина само големи простории полни со книги?
Мет Смит, ѕвездата на „Доктор Ху“ и „Круната“, ќе ја продуцира и ќе глуми во мини-серијата базирана на книгата на Кејв од 2009, за трговски патник опседнат со секс, кој во еден момент станува самохран татко и мора да се грижи за својот 9-годишен син. Едвај чекаме пролет.
На корицата на новата книга на новинарот Момчило Петровиќ покрај насловот стои и следново предупредување: „Ова не е книга за паранормални појави, туку документарно четиво“ и извичник. И ова не е случајно, бидејќи укажува на можноста/ризикот бројните луѓе кои се уште веруваат во магии, и не само во Србија туку и на целиот Балкан, да посегнат по неа како по прирачник.
На 17.09 (недела) во Скопје започнува 11-тото издание на фестивалот Про-за Балкан. Помеѓу бројните интересни учесници е и режисерот на култните „Ко то тамо пева“ и „Маратонци...“ и автор на неколку книги кои повторно се вртат околу филмот. Во ова интервју тој зборува и за проектите кои се во тек, но и за таквите кои изгледа ќе останат неснимени, како и за својот однос кон сопственото дело, околу кое како што вели често се крева(ла) непотребна хистерија.
Една статија објавена денес, а врз основа на податоци од Државниот завод за статистика, малку нè замисли. Понекогаш и не е потребно кој знае какво познавање на бројки и проценти, туку интуиција, комбинирана со реално искуство на чести посети на локалната библиотека, кои велат - со оглед на намалувањето на животниот стандард и неодамнешната пандемија, бројот на корисници на библиотеките (во светот па и кај нас) би требало да е пораснат, а не намален. Нешто како да не штима...
Се случува, дури и не толку ретко, Нобеловата награда да ја добијат навистина големи писатели. Но, тоа не можат да бидат какви било писатели, туку такви кои се форматирани за Нобеловата награда да може да ги поднесе.
Кога се употребуваат познати изреки и пословици нема потреба истите да се довршуваат, затоа што и говорникот и слушателот знае за што станува збор. Оваа економичност во изразувањето си има свое име.
Во оваа подрубрика денес ни гостува Дино Граматиков, кој во ова (сериозно) хоби е повеќе од две децении. Горд сопственик на над 200 игри, тој е и прв македонски судија во играта Magic the Gathering. Ни пишува од Женева, каде секоја недела организира играчки собир (кај и да е, ќе му одиме...). Неговиот предлог за поднаслов на текстот е „Како да се проба ова хоби на раат и на брзина, без ризик од потсмев од пријател(к)ите“. Ризикот е јак, ама и да погиниш, колку-толку ќе се спасиш.
Како што во вестите сè почесто се слуша за различни необични вселенски објекти кои прелетуваат над глобалното небо, така искрснуваат и интересни приказни за исти такви виденија од минатото. Ова е дури од 1803-тата.
Желбата да ви кажеме нешто ново за Вејтс, и така да си го направиме ќефот да го имаме на сајт, од време на време ни се остварува. Еве сега има цел албум со преработки на негови песни на - хебрејски.
Бразилците забрзано се подготвуваат да бидат домаќини на светското фудбалско првенство во 2014. Меѓу големиот број обврски кои ги очекуваат, една посебно им паѓа тешко - да научат подобро англиски.
Авторот на нашиот омилен стрип доби свој астероид! 4942 Манро (претходно познат како 1987 DU6) орбитира околу Сонцето на внатрешниот раб од главниот астероиден појас, и не е закана за Земјата.
За да бидеш одличен во прогнозирањето кој ќе ја добие наградата на Шведската академија во областа на литературата се потребни извесни квалификации. Познавањето на она што го напишале кандидатите не е една од нив.
Добро, признавам, збиркава е поттикната од завист која тлее од моментот кога уредникот на сајтов почна да ги објавува своите твитови. Под мотото „а јааа?“, еве неколку, без опции за дигитално ширење, заради промоција на старата добра орална традиција.
Индијскиот графички дизајнер Капил Багат пред неколку дена го одбележа Националниот ден на науката во неговата земја со серија минималистички постери, кои сликовито ги прикажуваат најважните научни откритија во историјата на науката.
Во бројни домаќинства Лего коцките се основен градежен материјал на денот, без оглед дали со нив со саати се игра, или на некоја од нив се нагазува со боса нога.
Францускиот филозоф, татко на деконструкцијата, пост-структуралист и постмодернист, едно од оние имиња по кои често се посегнува кога човек сака да звучи начитано („како што вели Дерида..."), има нова биографија. А во неа и една интересна анегдота, која колку што зборува за него, толку зборува и за односот на власта кон мислечките суштества.