Солзи, радост, турбуленции, успеси. Во 18 годишната ера на „Џузепе Меаца" Масимо Морати успеа да ги надмине најголемите кризи на клубот, но и да ги дочека најблескавите моменти, како историската 2010 година кога Интер стана првиот италијански тим со тројна круна во една сезона.
Откако македонската фудбалска репрезентација го оствари историскиот неуспех со пласманот на последната позиција во квалификациската група, следи и пад од 11 позиции на ФИФА ранг листата.
Не бил само Чичарито вчера несреќен. Португалија вчера го имаше водството од 3:0 против Луксембург, но ваква завршница како на Хуго Алмеида мислевме дека може да направи само некој наш репрезентативец. Да му дадеш уште 10 пати да шутира, сигурно нема да успее да ја погоди пречката.
Прво учество за селекцијата на Босна и Херцеговина на Светските првенства која со гостинскиот триумф над Литванија од 1:0 го слави најголемиот спортски успех. Билет за СП во Бразил со директен пласман обезбедија и Русија, Шпанија и Англија.
Репрезентациите на Германија, Белгија, Швајцарија и Колумбија изборија пласман на Светското првенство во Бразил, а Босна и Херцеговина, Русија, Англија, Шпанија, Чиле и Еквадор во вторник ќе ја имаат судбината во свои раце.
Тренерот на македонскиот второлигаш Миравци си поднесе оставка поради тврдењата дека газдата натепал еден од фудбалерите затоа што не му подавал на син му. Сопственикот пак на Кардиф Сити го избрка главниот скаут и на негово место го стави школскиот другар на неговиот син кој работел како молер во клубот.
Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа далеку под своите можности во втората рунда од новата сезона во регионалното кошаркарско натпреварување. Екипата на Шолнок заслужено стигна до триумф од 81:69.
Светската куќа на фудбалот наредната година на Светското првенство во Бразил ќе треба малку повеќе да го одврзе ќесето за учесниците за разлика од минатиот Мундијал. За сите играчи кои ќе настапат на светскиот фудбалски шампионат на клубовите ќе треба да им плати вкупно 70 милиони долари.
Навивачите на Наполи склучија примирје со сопственикот на пабот кој настрада од 30 ултраси пред натпреварот Арсенал-Наполи во рамките од Лигата на шампионите. Тие ќе собираат пари за направената штета.
Изведувањето на пенали не е само шутирање со „пуна" каде ти дојде. Тоа е уметност за која фудбалерот треба да поседува вештини. Некои играчи се имаат усовршено во ова, но спротивно од општото мислење, Балотели не е најдобар пеналџија во последно време.
По победата против Кубан на домашен терен, македонскиот репрезентативец Мухамед Демири со екипата на Сент Гален му гостува на Свонси во второто коло од Лига Европа. На островот ќе патува и нашиот најдобар судија Александар Ставрев.
Слично како во филмот „Сам дома", Манчестер Јунајтед си заминале од тренинг базата и тргнале на пат кон Украина без Дени Велбек, фудбалерот кој го постигна единствениот погодок на гостувањето кај Шахтар.
Актуелниот шампион на Европа тотално го надирга скапиот состав од Премиер лигата и му покажа зошто е број 1 на „Стариот континент“. Со головите на Рибери, Милер и Робен составот на Гвардиола си замина со полн плен од Манчестер со конечни 1:3. Почесниот гол за домаќините го постигна Негредо.
Дерби средбата која дефинитивно привлекува најголемо внимание од вечерашната понуда во Лигата на шампионите е англиско-германската пресметка која ќе биде интересна и поради старото ривалство помеѓу двајцата поранешни тренери од Премиера дивизон.
Успесите на осумкратниот украински шампион предводен од романскиот стратег Мирчеа Луческу не се воопшто случајни. Во интернационалниот состав финансиран од најбогатиот Украинец, Ринат Ахметов има плејада на бразилски фудбалери кои се речиси половина тим.
Нашите двајца претставници, Горан Пандев и Даниел Георгиевски беа немоќни со своите екипи на дуелите од второто коло во Лигата на шампионите. Арсенал набрзина ја обезбеди победата против Наполи со 2:0, а Стеауа беше декласирана на домашен терен од Челси со 4:0. Автогол на мечот си постигна Георгиевски.
Во пресрет на вечерашната голема пресметка во „групата на смртта" на стадионот „Емирати" во Лондон, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис им раскажа на англиските медиуми како за 10 минути со еден телефонски повик успеал да го купи Игуаин, без да знае дека во трката за него се и „Топџиите".
За нашиот интернационалец Марио Ѓуровски кој настапува во Тајланд сигурно можеме да направиме компилација од „лудости“ кои ги прави на теренот. Последна му беше асистенцијата која стана хит, а овој пат по постигнатиот гол му се качи на ушка на редарот.
Новиот херој на Вест Бромвич Албион кој го постигна победничкиот гол против Манчестер Јунајтед, 20-годишниот Саидо Берахино од Бурунди за цела година заработува колку Ван Перси и Руни за еден ден.
Рагби екипата на Вашингтон Стејт беше демолирана на домашен терен од Стенфорд со 17:55 и скоро сите гледачи долго пред крајот го имаа напуштено стадионот, освен овој пијан господин кој си уживаше на трибината и денес стана херој на интернет.