Демири и судијата Ставрев со задачи во Англија

По победата против Кубан на домашен терен, македонскиот репрезентативец Мухамед Демири со екипата на Сент Гален му гостува на Свонси во второто коло од Лига Европа. На островот ќе патува и нашиот најдобар судија Александар Ставрев.

Нашиот единствен претставник во второто по ранг клупско европско натпреварување, Мухамед Демири кој е повикан во составот на Зоран Стратев за квалификациските мечеви против Велс и Србија, го очекува гостување против Свонси во второто коло од Лигата на Европа.

Задача на вечерашните мечеви од ова напреварување доби и нашиот интернационален судија Александар Ставрев кој заедно со своите помошници од Македонија ќе судат на средбата помеѓу Виган и Марибор.

Валенсија и ПСВ кои се посрамотија во првото коло со убедливи порази на домашен терен од 3:0, раните ќе ги лечат на гостински терен. Шпанскиот состав му гостува на рускиот состав Кубан, а Холанѓаните ќе патуваат во Украина против тимот на Черноморец Одеса.

Група A
Кубан - Валенсија
Свонси - Сент Гален

Група Б
Лудогорец - Динамо Загреб
Черноморец Одеса - ПСВ Ајндховен

Група Ц
Есбјерг - Ред Бул Салзбург
Елфсборг - Стандард Лиеж

Група Д
Рубин Казан - Зулте Варегем
Виган - Марибор

Група E
Пасош Фереира - Пандури Тргу Жиу
Днепар Днипропетровск - Фиорентина

Група Ф
Бордо - Макаби Тел Авив
АПОЕЛ Никозија - Ајнтрахт

Група Г
Рапид Виена - Динамо Киев
Генк - Тун

Група Х
Слован Либерец - Есторил
Севиља - Фрајбург

Група И
Ријека - Реал Бетис
Олимпик Лион - Виторија Гимараеш

Група Ј
Tрабзонспор - Лацио
Легија Варшава - Аполон Лимасол

Група К
Анжи Махачкала - Тотенхем
Тромсе - Шериф Тираспол

Група Л
Шахтер - Макаби Хаифа
АЗ Алкмар - ПAOK Солун

3 октомври 2013 - 12:40