Со поразите на последните два дуели од квалификациите за Светското првенство во Бразил, (1:0 во Велс и 5:1 во Србија), фудбалската репрезентација на Македонија падна 11 позиции и со 430 поени сега се наоѓа на 86-та позиција на ФИФА ранг листата.
На најновото рангирање на ФИФА, пред нас се Уганда, Габон, Тринидад и Тобаго, Хаити, Доминиканска Република, Того, Сиера Леоне... а зад нас оставивме „велесили" како Конго, Ел Салвадор, Оман...
На врвот на листата остана Шпанија, а втора сега е репрезентацијата на Германија. Следат Аргентина, Колумбија, Белгија, Уругвај, Швајцарија, Холандија, Италија, а во Топ 10 се врати и Англија.
Босна и Херцеговина се пласираше на 16-та позиција, Хрватска е 18-та, Србија на 28-та позиција, Словенија на 30-та, а Црна Гора на 54-та.