Пелегрини ќе брка прв триумф против Гвардиола

Дерби средбата која дефинитивно привлекува најголемо внимание од вечерашната понуда во Лигата на шампионите е англиско-германската пресметка која ќе биде интересна и поради старото ривалство помеѓу двајцата поранешни тренери од Премиера дивизон.

Најинтерресните факти за мечот Манчестер Сити – Баерн Минхен:

-И двете екипи имаа успешен старт во Лигата на шампионите со победа од 3:0. Бранителот на титулата славеше на домашен терен против ЦСКА Москва, а Сити на гостувањето против Викторија Плзен.

-Нивното единствено соочување на меѓународната сцена се случи пред две сезони во групната фаза од Лигата на шампионите кога „Граѓаните“ беа веднаш елиминирани. По една победа од 2:0 остварија и двата тима на домашен терен.

-Мануел Пелегрини има лоша традиција на дуелите против Гвардиола. Како тренер на Реал Мадрид, Виљареал и Малага не успеал да го победи ниту еднаш неговиот помлад колега додека беше на кормилото на Барселона.

-Манчестер Сити нема пораз на домашен терен на европските натпреварувања во последните 5 години.

-Баварците победија 46 од вкупно 54 средби на сите натпреварувања минатата сезона.

-Европскиот шампион успеа да оствари еден импресивен рекорд во Бундес лигата, а тоа е затресување на мрежата на последните 44 натпревари.

-Составот на Пелегрини игра "топло-ладно" на стартот од новата сезона и успеа да освои 10 бода на 6 првенствени меча. Фудбалерите на Гвардиола се во подобра форма со 6 победи и едно реми.

-Последната средба на Баварците во Англија им ја донесе петтата европска титула со победата над Борусија Дортмунд на Вембли, а последниот дуел против англиска екипа им беше во осминафиналето против Арсенал кој го победија со 3:1 на гостински терен.

-Новото засилување на Сити, Хезус Навас минатата сезона ако играч на Севиља создаде најмногу шанси од сите други фудбалери во шпанското првенство, додека Пабло Забалета лани имаше најмногу стартови во одбраната во Премиер лигата.

Група А
Шахтар Доњецк-Манчестер Јунајтед
Баер Леверкузен-Реал Сосиедад

Табела: Шахтјор 3, Манчестер Ј. 3, Леверкузен 0, Сосиедад 0

Група Б
Јувентус-Галтасарај
Реал Мадрид-Копенхаген

Табела: Реал М. 3, Јувентус 1, Копенхаген 1, Галатасарај 0

Група Ц
Андерлехт-Банфика
ПСЖ-Бенфика

Табела: ПСЖ 3, Бенфика 3, Андерлехт 0, Олимпијакос 0

Група Д
ЦСКА Москва-Викторија Плзен
Манчестер Сити-Баерн Минхен

Табела: Манчестер С. 3, Баерн М. 3, ЦСКА М. 0, Викторија П. 0

2 октомври 2013 - 15:33