Арсен Венгер во текот на летниот период беше во потрага по квалитетен играч кој би го предводел нападот на Арсенал, а најсериозен кандидат за таа позиција беше Гонзало Игуаин кој на крајот го одбра Наполи.
Освен дуелот помеѓу Бенитез и Венгер кој често пати го гледавме во Премиер лигата, една од најинтересните теми денеска во англиските медиуми е токму трансфер битката помеѓу овие две екипи која ја доби италијанскиот тим во нивни стил за многу кусо време.
„Бевме на подготовки на планина и ги прашав моите луѓе во тимот, треба ли да се јавиме во Реал Мадрид? За 10 минути се беше договорено за 32 милиони фунти. Наредниот ден бевме во Венеција каде останавме затворени во една соба 8 часа и целата работа заврши лесно. Не знаев дека и Арсенал го сака Игуаин, никој не ми кажал. Жал ми е.", изјави за Sky Sports News, претседателот на Наполи.
Де Лаурентис зборуваше и за интересот на Манчестер Сити за Кавани кој понудил многу помалку од цената која ја барал за играчот кој лани беше најдобар стрелец во Серија А.
„Луѓето од Манчестер Сити ме посетија во Рим и понудија само околу 30 милиони фунти, но јас не прифатив. Кога го продавав Кавани ми требаа пари за да купам друг напаѓач од светска класа", вели Де Лаурентис.
Арсенал и Наполи до сега не се сретнале на ниту едно меѓународно натпреварување. Единствената нивна средба се случи на Емирејт купот во август оваа година која заврши 2:2 и на која стрелец беше Горан Пандев.