
Горан Пандев постигна гол на трет натпревар во серија. На неговото денешно мени беше Арсенал и тоа во Лондон. Македонскиот интернационалец беше стрелец на вториот погодок за Наполи во 28-та минута на натпревар во рамките од Емирејт купот кој заврши со резултат 2:2.