По 20 успешни реализации од белата точка, Марио Балотели конечно промаши пенал на дуелот против Наполи минатиот месец, но тој не е најдобар изведувач на казнените удари на натпреварите од националните првенства во последните неколку години.
Според статистиките на WhoScored, од почетокот на сезоната 2010/11 Балотели има постигнато 12 од 13 обиди од белата точка, односно 92,3% реализација.
Кристијано Роналдо има постигнато постигнато 210 голови на 206 натпревари за Реал Мадрид, а 28 од нив се од пенали.
Овие 28 погодени пенали се од 30 обиди, односно реализацијата е 93,3%, а единствените два удари кои му ги имаат одбрането се кога тој шутирал на средина и по земја.
Златан Ибрахимовиќ од август 2010-та година има шутирано 18 пенали и има промашено само еден обид и тоа кога ја погодил стативата. Вкупната реализација од 94,4% го сместуваат Ибра на втората позиција зад знаете кого.
Лионел Меси е цар за пенали. Повеќето од неговите удари се на спротивната страна од голманот затоа што тој поседува го следи движењето на чуварот на мрежата и има способност да ја смени страната на шут во последен момент.
Четири-кратниот освојувач на наградата за најдобар фудбалер на светот има постигнато 19 голови од 20 обиди (95%).