Најкористен јазик во таборот на актуелниот шампион на Украина по украинскиот сигурно дека е бразилскиот. Од 2004 година откако на клупата седна Романецот Луческу кои им донесе 7 титули во првенството во клубот продефилираа вкупно 21 Бразилец кои се чуствуваат како дома.
И покрај тоа што изминатово лето си заминаа Вилијан и Фернандињо за кои Шахтар од Челси и Манчестер Сити заработи по 30 милиони фунти, во укранскиот состав има десетмина бразилски фудбалери и уште двајца играчи од Јужна Америка. Натурализираниот Хрват Едуардо и Аргентинецот Факундо Фереира.
Тимот на Шахтар е голема закана и за големите екипи во Лигата на шампионите, а минатата сезона се избори за осминафинале и тоа во група со Јувентус и Челси, каде од групната фаза извиси европскиот шампион.
Украинско-бразилскиот состав и оваа сезона се најде во тешка група во Лигата на шампионите заедно со Манчестер Јунајтед, Баер Леверкузен и Реал Сосиедат, а најголемата опасност за актуелниот шампион на Англија вечерва се очекува да дојде од младите јужноамерикаци кои се иднината на клубот.
Бернард (Бразил)
Младиот 21 годишен играч кој има офанзивни задачи во средниот ред е едно од новите освежувања за Шахтар во новата сезона. Кариерата ја започна во Атлетико Миниеро каде ја освои титулата во „Копа Либертадорес", а ќе биде дел и од Мундијалот во Бразил во репрезентативцниот состав предводен од Фелипе Сколари.
Тајсон (Бразил)
Уште еден играч од офанзивниот дел на Шахтар кој минатата година пристигна од Металист за сума од 12 милиони фунти. За него велат дека има одлична техника, чувство за гол и дека е брз како Усаин Болт. 25 годишниот Тајсон е производ од академијата на Интернационал каде се калеше Алехандро Пато.
Фред (Бразил)
Федерико Родригес Сантос исто како и Бернард е иднината на Шахтар и едно од најновите засилувања за оваа сезона. Има само 20 години и уште во финалето од украинскиот Супер Куп постигна два гола во победата на Шахтар од 3:1.
Факундо Фереира (Аргентина)
22 годишниот аргентински напаѓач летово пристигна во Европа како шампион во аргентинското првенство со тимот на Велез Сарсфилд каде на 21 меч постигна 16 гола. Тоа му овозможи трансфер во силниот Шахтар и учество во Лигата на шампионите, а за некое време може да го видиме и во нападот на Аргентина.
Фернандо (Бразил)
По четирите сезони минати во Гремио, 21 годишниот Фернандо е уште еден од младите играчи кои сезонава почнуваат нова авантура во Европа. Игра во дефанзивниот дел од средниот ред, а летово потпиша 5 годишен договор со Шахтар за 11 милиони евра. Се очекува да биде наследник на Фернандињо.