Ужасното влијание на сајбер-силеџиството е веќе позната работа - во 2016 имало и истражување што го открива бројот на млади што бараат советување за онлајн-малтретирање, и таа бројка е зголемена за 88% за само 5 години. Но, за актот на сајбер-насилство врз себе се знае многу малку. Страшното - околу 6% од учениците на возраст од 12-17 години сами на себе си праќаат анонимен хејт-мејл.
Како и сите други, и изненадувачки големо мнозинство од демократите, побарале истрага против Хилари Клинтон, на анкета правена дури и пред да се објави последниот извештај на Дурам за Хилари и хакирањето на Трамп.
Во најголемиот пад во историјата на компанијата, Мета (новото име на Фејсбук) за еден ден изгуби 26% од вредноста на акциите или некои си 230 милијарди долари. Крахот следуваше откако беше објавено дека во претходниот квартал Фејсбук не ги заработил очекуваните пари.
Иако вакцинацијата останува најдобра одбрана против ковид-19, јас верувам дека повеќе не е пропорционално да се бара задолжителна вакцинација за лицата ангажирани во здравствениот систем, порача британскиот министер за здравство, Саџид Џавид.
Нов скандал го дрма англискиот фудбал: тамошните чиновници во ФА отвориле истрага за чудниот жолт картон на „неименуван“ фудбалер на Арсенал затоа што била регистрирана висока уплата кај букмејкерите за такво нешто.
Џеј-Зи, Мик Мил, Килер Мајк и голем број други музички имиња се помеѓу оние кои бараат промена во законот на државата Њујорк, со што би се ставило крај на досегашната практика, рап стихови да се користат како докази во кривични постапки против самите музичари.
Процесот на добивање рибино масло почнува со машинско мелење на милиони мали риби клучни за здрави океани и нивниот систем на исхрана. Завршува со пакување по нарачка на твојот најблизок дилер на здрави суплементи.
Големото дерби Ливерпул - Арсенал од англискиот Лига Куп требаше да се игра уште минатата недела, но „црвените“ пријавија голем број позитивни случаи и мечот се одложи. После неколку дена англискиот ФА покрена истрага зошто немало баш конкретни докази дека Ливерпул нема фудбалери. Синоќа конечно го одиграа првиот меч од полуфиналето на ЛК и заврши 0:0. Туку друго ни беше муабетот.
До сега нема докази дека вакцините го намалуваат ширењето на заразата со за сега најбрзата варијанта на ковид-19, пишуваат нобеловецот Монтање и Рубенфелд во текстот за Вол Стрит Журнал.
Федералниот суд во Мелбурн донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен, откако судијата Ентони Кели утврди дека по пристигнувањево во Австралија, визата неосновано му била укината.
Новак Ѓоковиќ беше еден од 26 луѓе кои побарале медицинско изземање од правилата за влез во Австралија и сите тие случаи биле решавани анонимно. Експерт за имиграција вели дека властите сега ќе се соочат со најмалку три незгодни прашања од адвокатите на тенисерот, откако му беше оспорена визата и оневозможено уште еднаш да загосподари на Австралија Опен.
Австралиските власти го сместија Новак Ѓоковиќ во Мелбурн, во хотел со 46 бегалци, а таму денеска е весело. Срби што живеат во Австралија се собраа да му дадат поддршка на свој празничен начин, а друга група на луѓе протестираа и бараа ослободување на мигрантите.
Белгија го подготвува досега најсериозниот удар врз скиентолозите. Тие цели 15 години се борат државата да не ги стигматизира како култ, а таа во меѓувреме собрала доволно докази да ја гони како криминална организација.
Во првите 24 часа од масакрот во Њутаун речиси сите медиуми објавија толку многу погрешни информации што не може да се истакне една единствена организација за на нејзе да се истури критиката.
Составот на енергетските пијалаци може да се подели на состојки кои звучат интересно за реклама и ништо друго (гуарана, жен-шен...), и состојка (еднина) која всушност ви дава енергија - кофеин.
Дури и во моментов да немате 140 квоциент на интелигенција колку што бара македонското министерство за здравство, потребно е само време за да го исполните условот. Дали знаете дека на секои 10 години, просечниот IQ се покачува за 3 поени?
Француската министерка за правда се гледала со 8 дечковци во времето кога останала бремена со вонбрачно дете. Сега таа се сомнева на еден од нив, тој се сомнева на останатите 7.
Готфрид Свартхолм (ко-основачот на Пајрт беј) повеќе од еден месец е во ново изградениот затвор на 15 минути од Стокхолм, и целото време е затворен во самица како казна за нешто што нема никаква врска со Пиратскиот залив.
Меѓународната велосипедска федерација денес ја прифати одлуката на американската анти-допинг агенција и му ги избриша седумте титули на Ленс Армстронг.
Ова наше поднебје секојдневно е збогатено со такви фарси и комични ликови, што не е ни чудно што сме прераснале во сеирџии како народ. И додека сите спремаат пуканки за класични теми од типот „туѓа несреќа" или бич фајт, или расправање на социјални мрежи, јас својот сеир го носам на едно поинакво ниво, односно, широкиот дијапазон на...
Вртоглавица, проблеми со рамнотежа, губење меморија, неспособност за концентрација, несоница, тахикардија, зголемен крвен притисок, главоболки, анксиозност, депресија.... На сите овие симптоми се жалат луѓе кои живеат во близина на едни од наjпријателските (по човековата околина) извори на енергија - ветерниците.