Најдобриот тенисер во светот ја доби жалбата против депортацијата од Австралија, откако граничните власти претходно одлучија дека не ги исполнува критериумите за ослободување од условите за влез.
Судот во Мелбурн ја оцени одлуката за укинување на визата „неразумна“ и нареди Ѓоковиќ веднаш да биде ослободен.
Судијата утврдил дека доколку му дале повеќе време, тој можел да се консултира со својот тим и да ги достави сите потребни докази на граничната полиција по пристигнувањето.
Ѓоковиќ помина четири ноќи во хотел за имиграција пред да започне виртуелното сослушување околу полноќ по европско време.
Австралиската влада најави преземање натамошни чекори во случај судот да одлучи во полза на Ѓоковиќ.
СиЕнЕн пишува дека адвокатот Кристофер Тран најавува дека постои можност министерот Алекс Хок да му ја одземе визата на првиот тенисер во светот.
Во таков случај, судијата Кели истакна дека Новак нема да може да се врати во Австралија во следните три години, но и дека на тоа може да поднесе жалба.
Сè уште не е познато дали со ова значи дека ќе може да настапи на грен слем турнирот во Мелбурн кој почнува на 17 јануари.