Само кофеинот вреди во енергетските пијалаци

Составот на енергетските пијалаци може да се подели на состојки кои звучат интересно за реклама и ништо друго (гуарана, жен-шен...), и состојка (еднина) која всушност ви дава енергија - кофеин.

Истражувањето објавено во журналот Nutrition Reviews, покажало дека иако енергетски пијалаци често содржат состојки како таурин, гуарана и жен-шен, сепак постои "огромен недостатокот на докази кои би ги докажеле тврдењата дека овие состојки ги подобруваат перформансите."

Во истражувањето биле анализирани десетици студии за ефектите што ги имаат состојките на енергетските пијалаци сами по себе или во комбинација со кофеин.

Освен некоја слаба поврзаност на гликозата и гуараната, имало малку докази дека која било друга состојка на енергетскиот напиток (освен кофеинот) давала каква било енергија.

Во зависност од брендот, енергетските пијалаци имаат и до 14 пати повеќе кофеин отколку безалкохолните пијалаци.

17 декември 2012 - 10:51